Балканот отсекогаш имал специфична геополитичка судбина: ретко бил центар, а речиси секогаш периферија. Прво на Рим, потоа на Византија, а подоцна и на Отоманското царство. Тоа е комплексна територија каде континуирано се прекршуваат јазични, етнички и други групи на народи, и токму во таа прекршеност се раѓа неговата сила, но и неговата ранливост. Последните големи империи што трајно ја обликуваа политичката и демографската матрица на просторот се Отоманската и Австроунгарската. Затоа и денес многу од државните нервози се всушност задоцнети реакции на империјалните распади. Балканските војни и двете светски војни не ја сменија само картата – тие ја сменија и логиката на преживување на народите.
Проф. д-р Александар Иванов
Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра, ЦИВИЛ МЕДИА, 23 април 2026
Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра











































