• Latest

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026

ЦИВИЛ одговори на критиките за „бугарското прашање“: Јавната дебата не смее да се затвора во националистички рамки

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

Њујорк Тајмс: Заканите за Гренланд ја отворија дебатата за влез на Исланд во ЕУ

May 27, 2026

Нешто, сепак, се движи во МПЦ: Заминувањето на владиката Петар од сцената

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026 16:47
in ВЕСТИ, ЕВРОПА, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руско беспилотно летало (дрон-камиказа) удри и експлодираше во станбена зграда денеска рано изутрина во романскиот град Галац.

Во брза и остра дипломатска реакција, романскиот претседател Никушор Дан, по итно свиканиот состанок на Врховниот совет за национална одбрана, објави дека генералниот конзул на Руската Федерација во Констанца е прогласен за непожелна личност (persona non grata) и дека оваа руска дипломатска мисија ќе биде целосно затворена.

Според официјалното соопштение на романското Министерство за национална одбрана, специјализирани тимови од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Романската разузнавачка служба се на терен и го истражуваат местото на настанот.

„Првичните информации укажуваат дека целиот товар на дронот ‘Геран 2’, со руско потекло, експлодирал при ударот“, потврдија од Министерството за одбрана.

Во нападот се повредени две лица, кои итно биле пренесени во Окружната клиничка болница во Галац. Експлозијата го урнала покривот на станбениот комплекс, предизвикувајќи сериозна материјална штета.

Префектурата на округот Галац соопшти сите жители чии домови се оштетени ќе бидат привремено сместени во објекти обезбедени од градската власт, додека Државниот инспекторат за градежништво врши итна техничка експертиза за да утврди дали се потребни дополнителни мерки за консолидација на зградата.

Врховниот совет за национална одбрана на Романија (фото: Кабинет на Претседателот на Романија)

Претседателот Никушор Дан ја префрли целата одговорност директно на Москва, откривајќи дека романските одбранбени системи успешно ја следеле патеката на военото летало.

„Целата одговорност за овој инцидент е на Русија, земја која повеќе од четири години води агресивна војна против Украина. Имавме руски дрон ‘Геран-2’ кој полета од Русија, ја знаеме траекторијата, знаеме каде помина низ Украина, знаеме каде влезе во Романија. Тој беше дел од рој од 43 руски беспилотни летала, од кои само едно стигна до романска територија“, изјави претседателот Дан.

Претседателот Дан упати остри критики и до домашните политички актери кои се обидоа да ја оправдаат Москва.

„Сакам да ја истакнам неодговорноста на некои романски политички лидери и креатори на јавно мислење кои се обидуваат да ја оправдаат Русија за овој инцидент. Сега романските граѓани можат јасно да видат кој е прозападен, а кој само глуми прозападна ориентација“, додаде Дан.

Овој инцидент претставува еден од најсериозните директни удари на територијата на земја-членка на НАТО од почетокот на војната. Романското Министерство за национална одбрана најостро ги осуди, како што ги нарече, „неодговорните акции“ на Руската Федерација, предупредувајќи дека овој напад ги надминува рамките на регионална закана.

„Ваквите инциденти го демонстрираат недостигот на почит од страна на Руската Федерација кон нормите на меѓународното право и ги загрозуваат не само безбедноста на романските граѓани, туку и колективната безбедност на НАТО“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, каде се нагласува дека ова претставува „нов предизвик за регионалната безбедност и стабилност во областа на Црното Море“.

Министерството апелираше до граѓаните во регионот строго да ги следат препораките на властите и да се потпираат исклучиво на официјалните информации пренесени преку институционалните канали, додека истрагата продолжува.

Џ. Дерала / Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ