• Latest
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026 12:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за изборни реформи вчера ја одржа седмата седница на која беа разгледани предлозите, мислењата и забелешките доставени од институциите, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик.

Според Министерството за правда, продолжува усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а расправата била насочена кон прашања што се однесуваат на транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес. Следната седница е закажана за 12 јуни, по што се очекува законските измени да бидат финализирани и доставени во понатамошна процедура.

Сепак, работата на групата повторно беше засенета од политички несогласувања. Либерално-демократската партија (ЛДП) предупреди дека може да се повлече од процесот доколку, како што оценува, реформите продолжат да се кројат според интересите на најголемите партии.

Членот на Извршниот одбор на ЛДП, Дејанчо Цветановски, обвини дека наместо суштинска демократизација се прават обиди за зачувување на партискиот монопол и за ограничување на политичкиот плурализам. Според него, клучно прашање останува воведувањето една изборна единица со отворени листи, како и спротивставувањето на предлозите за висок изборен праг, кој би можел дополнително да ги маргинализира помалите партии.

По реакцијата на ЛДП, Министерството за правда соопшти дека тврдењата за нетранспарентност не соодветствуваат со фактите. Од Министерството посочуваат дека сите учесници, вклучително и претставникот на ЛДП, активно учествуваат во работата на групата и имаат еднаква можност да ги изнесат своите предлози и аргументи.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати соопшти дека начелно ја поддржува идејата за една изборна единица, но со обезбедено право на глас и застапеност на дијаспората. Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ „нема никаков проблем да поддржи една изборна единица“, доколку во моделот биде вклучено и гласањето на иселениците.

Од друга страна, СДСМ претходно го напушти учеството во работната група за Изборниот законик, оценувајќи дека процесот не обезбедува доволен политички консензус и дека одредени решенија се туркаат без поширока согласност. Нивното повлекување предизвика дополнителни обвинувања и реакции од другите политички субјекти, кои сметаат дека реформите не треба да бидат заложник на партиските несогласувања.

Што препорачува ЦИВИЛ?

ЦИВИЛ со години укажува дека изборните реформи не треба да се сведат само на техничко усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, туку да обезбедат поширока демократизација на политичкиот систем.

ЦИВИл нагласуваа дека подготовката на новите законски решенија мора да биде целосно транспарентна и инклузивна, со активно учество на граѓанските организации, експертската јавност и помалите политички партии. Неопходно е сериозно да се разгледаат предлозите за една изборна единица и отворени листи, со цел да се обезбеди поголема еднаквост на гласот и поголема одговорност на избраните претставници кон граѓаните.

Воедно, реформите треба да предвидат поефикасни механизми за спречување на злоупотребата на јавните ресурси за партиски цели, построга контрола врз финансирањето на изборните кампањи и поодлучни мерки против дезинформациите, говорот на омраза и политичките притисоци. ЦИВИЛ оценува дека довербата во изборниот процес може да се зајакне само доколку реформите бидат донесени навремено, низ отворен дијалог и со што е можно поширок политички и општествен консензус.

ЦИВИЛ оценува дека кредибилни избори не можат да се обезбедат само со законски измени, туку и со политичка култура заснована на дијалог, отчетност и почитување на демократските стандарди.

Со приближувањето на рокот за финализирање на измените, останува неизвесно дали политичките партии ќе успеат да постигнат компромис околу најспорните прашања или изборните реформи ќе останат поле за партиски пресметки.

Б. Јордановска


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ