• Latest

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

Втор поглед на политичката еволуција на Мелони и нејзиниот пат од радикална улична пропагандистка до чувар на европската демократија

June 23, 2026 06:39
in ЕВРОПА, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

Во новинарството, како и во политиката, најтешко, но и најважно е да се признае кога реалноста ќе ги демантира првичните прогнози.

Веднаш по изборниот триумф на Џорџа Мелони во 2022-та, објавив остар коментар насловен „Две во едно: Прва италијанска премиерка и враќање на фашизмот“. Во него, со право, укажав на историските корени на нејзината партија „Браќа на Италија“ и опасностите што ги носи крајната десница.

Основа за моите стравувања и негативни оценки имаше на претек. Пред да дојде на власт, нејзините јавни настапи беа јасно обоени со радикална реторика. Светската јавност сè уште ги памети нејзините агресивни говори, како озлогласениот митинг во Рим во 2019 година, каде што викаше: „Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка!“ – говор кој стана химна на европските популисти. Слично беше и нејзиното обраќање на митингот на шпанската екстремно десничарска партија Вокс во 2022 година, каде грмеше против „ЛГБТ лобијата“, исламистичкото насилство и масовната миграција.

Но, веднаш по преземањето на функцијата, Мелони го покажа своето сосема поинакво – во насловот можеби пренагласено – восхитувачко лице. Едно е реторика во опозиција наменета за мобилизација на гневното гласачко тело, а сосема друго е одговорноста на реалната политичка и геополитичка моќ во една голема и моќна европска држава.

Она што се очекуваше да биде уште еден тројански коњ на Владимир Путин во ЕУ (покрај Виктор Орбан и Роберт Фицо), се претвори во еден од најцврстите столбови на европската безбедност. И покрај тоа што нејзините коалициски партнери (како покојниот Силвио Берлускони и Матео Салвини) имаа длабоки и крајно сомнителни врски со Кремљ, Мелони зазеде бескомпромисен став. Нејзината поддршка за Кијив беше непоколеблива, покажувајќи дека солидарноста со Украина и одбраната од руската агресија се поважни од идеолошките флертувања на европската десница.

Џорџа Мелони, Володимир Зеленски, 24 февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Иако многумина стравуваа од тоа, Мелони не ја изолира Италија. Напротив, таа на светската политичка сцена покажа како може и треба една држава да игра важна и конструктивна улога. Италија стана една од клучните земји во Европа и многу пошироко по низа прашања. Мелони активно се вклучи во мировните напори за Газа. Иако се очекуваше хистерично затворање на границите, таа се обиде да наметне нетрадиционални решенија за миграцијата преку Западниот Балкан. Нејзиниот договор со албанскиот премиер Еди Рама за центрите за мигранти можеби се покажа како практичен и правен неуспех на терен, но политички претставуваше огромен триумф – иницијатива која постави преседан и модел кој голем дел од европските лидери почнаа отворено да го поддржуваат и копираат.

Џорџа Мелони, Еди Рама, 23 април 2026 (фото извор: ФБ страница на Премиерката Џорџа Мелони)

Нејзината политичка еволуција ја доведе на спротивната страна од првиот човек на најмоќната држава во светот. Кога Доналд Трамп ги нападна европските мировни напори и упати отровни стрели кон папата Лав XIV, Мелони не премолчи. Нејзиниот идеолошки сојуз со Трамп се распадна, бидејќи таа избра да ги брани Италија и Европа.

Доналд Трамп, Џорџа Мелони, Г7, Франција, 17 јуни 2026 (фото извор: ФБ страница на Премиерката Џорџа Мелони)

Откако тој упати неумесни забелешки во интервју по неодамнешниот самит на Г7 во Франција, таа јасно и гласно му залепи силна вербална шлаканица во видео што го заврши со зборовите:

„Јас и Италија никогаш не молиме.“

Io e l’Italia non imploriamo mai. pic.twitter.com/sTpKlqWB67

— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) June 19, 2026

Џорџа Мелони денес не е политичарката која маршираше со неофашистички симболи, туку прагматична европска државничка. Таа ги држи своите очи широко отворени на идеолошко-политичкиот ролеркостер и повеќепати докажа дека институциите на демократијата и тежината на премиерската функција можат да го трансформираат радикалот во умерен и прагматичен државник со демократска ориентација.

Затоа, како уредник и новинар кој жестоко ја критикуваше нејзината почетна платформа, сметам дека е праведно да се направи оваа корекција. Италија не се врати во фашизам. Напротив, доби лидерка која, барем досега, знае да ги брани демократскиот свет и европските вредности подобро од многумина кои се колнат во нив.


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ