• Latest

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026 08:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо ветената ефикасност и системски реформи, граѓаните на Македонија се сведоци на уште една класична политичка прераспределба на моќта. Владината реконструкција предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која треба да се финализира до крајот денот, 30 јуни, сè појасно се профилира како чист прагматизам за задоволување на партиските апетити, отколку како реален одговор на економските и општествените предизвици.

Иако официјалниот наратив на Илинденска број 2 се обидува да го спакува овој процес како „промена на приоритетите“ и „кадровско освежување“, под површината на коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ се крие жестока борба за влијание врз клучните државни ресурси.

Ресорите како партиски плен: Кој добива, а кој губи?

Зад „принципиелниот договор“ за промена на структурата на министерствата стојат длабоки политички калкулации. Најголем профитер во овој бран на рокади е коалицијата ВЛЕН, која го зголемува своето извршно влијание, сега со преземање на шест ресори, меѓу кои се и Правда, Култура и Министерството за односи меѓу заедниците, од каде што се повлекува српско-рускиот елемент, Иван Стојиљковиќ.

Од друга страна, партијата ЗНАМ е принудена на очигледно повлекување со отстапувањето на Министерството за правда, потег кој во политичките кулоари се толкува како сериозен удар врз нивната позиција во коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, стратешки ги презема ресорите Здравство и Социјална политика. Ова не е случајно — со преземањето на контролата врз секторите кои управуваат со огромни буџети и директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните, партијата на Мицкоски се обидува максимално да ја зацврсти својата партиска контрола пред клучните економски потреси, како што е претстојниот ребаланс на Буџетот.

Чистка во извршната власт

Списокот на министри кои ја напуштаат извршната власт е долг и отвора сериозни прашања за тоа како воопшто биле селектирани овие кадри пред помалку од две години. Од Владата си заминуваат:

  • Фатмир Лимани (Социјална политика, демографија и млади)
  • Азир Алиу (Здравство)
  • Иван Стоиљковиќ (Односи меѓу заедниците)
  • Зоран Љутков (Култура)
  • Игор Филков (Правда)
  • Цветан Трипуновски (Земјоделство)
  • Весна Јаневска (Образование)

Додека дел од заминувачките функционери, како Стоиљковиќ, се обидуваат да си заминат со крената глава презентирајќи извештаи за „рационализација на трошоците“, јавноста оправдано се прашува: ако овие министри испорачале резултати, зошто се сменети? Ако не испорачале, значи лажат?

Опозициски дијагнози

Опозицијата не штеди зборови за да го дискредитира овој процес. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја дефинираше реконструкцијата со добро познатата народна максима „замена на Курто со Мурто“, потенцирајќи дека од овие кадровски пазарења граѓаните нема да почувствуваат никаков реален бенефит, туку само козметички промени на лицата во фотелјите.

Истовремено, Бујар Османи од ДУИ удри по легитимитетот на албанскиот партнер во власта, тврдејќи дека ВЛЕН нема мандат од народот за вакви отстапки и дека не ја претставува автентичната волја на Албанците во Македонија. Овие реакции најавуваат уште подлабока политичка поларизација и блокади во периодот што следи.

Што понатаму? Вториот ешалон на „бричење“ во септември

Динамиката која ја наметна Мицкоски покажува дека власта брза да ја затвори оваа фаза пред летната пауза на Собранието, со цел да се амортизираат првичните незадоволства. Но, вистинските партиски апетити ќе се мерат во септември, за кога премиерот веќе ја најави „чистката“ и ротациите на пониските ешалони — односно директорските позиции во јавните претпријатија и институциите.

Како и да е, европскиот пат и суштинските реформи кои се услов за напредок, остануваат да висат. Оваа реконструкција докажува дека македонската политичка реалност останува заробена во матрицата на меѓупартиски пазарења. Зад параванот на „стабилизација на извршната структура“, власта всушност купува мир во куќата, а со некои и ги заокружува личните нетрпеливости и политички сметки и пресметки. Реформите може да почекаат.

Џ. Дерала

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ