• Latest
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026 10:52
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Илустрација: ВИ

Илустрација: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Предложените измени на Изборниот законик наместо низ инклузивен и транспарентен процес, реформите беа подготвувани во тесен политички круг, без суштински консултации со граѓанското општество, експертската јавност и академската заедница. Процесот дополнително го отежнаа и политичките пресметки и несогласувања што доведоа и до блокада на Законот во Собранието.

Иако станува збор за закон што ги уредува основните демократски правила, процесот беше нетранспарентен и херметички затворен. Во текот на подготовката на измените не беше организирана вистинска јавна расправа, ниту беа земени предвид долгогодишните препораки на организациите што континуирано ги следат изборните процеси.

Според долгогодишните препораки на ЦИВИЛ, довербата во изборниот процес не може да се гради преку автократско носење закони зад затворени врати. Напротив, изборните правила мора да бидат резултат на широк општествен консензус, а не на партиски договори постигнати без јавен увид.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, оценува дека повторно се игнорира граѓанската димензија на изборниот процес.

„Повторно едно фундаментално човеково право – правото на глас – е само алатка во рацете на моќните, без дури и минимална консултација со граѓанките и граѓаните. Дури и не одглумија дека се заинтересирани за правото на глас и демократските вредности кои се суштински и составен дел од изборните процеси.

Ни формално, ни неформално, политичките партии не покажаа интерес за препораките на граѓанското општество и експертите, кои во ЦИВИЛ со години наназад вредно работат на сите клучни аспекти на изборните процеси и на Изборниот законик“, вели Дерала.

Клучните препораки на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ бара итно повлекување на предложените измени од скратената собраниска постапка. Закон што ги дефинира правилата за политичка конкуренција и распределбата на политичката моќ не смее да се носи по итна постапка, без темелна јавна дебата и демократски легитимитет.

Организацијата бара Собранието да организира серија јавни расправи со суштинско, а не само формално, учество на граѓанските организации, експертите и академската заедница. Само таков процес може да обезбеди изборните правила да бидат прифатени како заеднички општествен договор.

Во однос на предлогот за воведување интернет гласање за дијаспората, ЦИВИЛ предупредува дека ваков модел не треба да се воведува сè додека државата не обезбеди робусна сајбер-заштита и технологија што истовремено ќе ја гарантира безбедноста, тајноста и слободата на гласот, без можност за притисоци и злоупотреби.

Наместо фокус на технолошки експерименти, ЦИВИЛ повикува на суштинска демократизација на изборниот систем преку воведување една изборна единица, отворени листи, департизација на изборната администрација и обезбедување еднаков пристап до државното финансирање за сите политички субјекти.

ЦИВИЛ предупредува дека изборните закони не смеат да бидат сопственост на актуелната власт или предмет на меѓупартиски договори зад затворени врати. Тие претставуваат темел на демократскиот поредок и мора да се креираат низ транспарентен, инклузивен и професионален процес, со активно учество на граѓаните, стручната јавност и сите засегнати чинители.

Биљана Јордановска


Прочитајте повеќе: 

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ