• Latest

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026 13:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општините во Северна Македонија акумулирале речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси во периодот од 2020 до 2024 година, покажува ревизијата на успешност „Ефикасно администрирање на локалните даноци и комунални такси“ што ја објави Државниот завод за ревизија. Извештајот укажува дека слабата наплата не е резултат само на недисциплина кај даночните обврзници, туку пред сè на системски слабости – застарена законска рамка, неажурирани методологии за проценка на имотот, недостиг на кадар и неефикасна институционална координација.

Според ревизијата, во анализираниот петгодишен период ненаплатените побарувања достигнале 2,93 милијарди денари, односно околу 47,7 милиони евра. Истовремено, општините отпишале дополнителни 233,8 милиони денари или околу 3,8 милиони евра побарувања, што дополнително го намалува нивниот потенцијал за финансирање на локалните услуги и инфраструктурни проекти.

Најголемиот дел од долговите се однесуваат на данокот на имот. Само по оваа основа ненаплатените побарувања достигнуваат 1,73 милијарди денари, а 67 проценти од нив се постари од пет години. Ревизорите оценуваат дека ова е показател за недоволно користење на законските механизми за присилна наплата и слаб фискален напор од страна на локалните власти.

Извештајот нотира дека законската рамка не обезбедува ефикасно администрирање на локалните приходи. Регистарот на недвижности не се ажурира автоматски, роковите за плаќање не се прецизно дефинирани, а начинот на доставување на даночните решенија не е соодветно уреден. Дополнителен проблем претставува методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижностите, која со години не е усогласена со реалните цени и современите градежни стандарди, поради што даночната основа останува потценета.

Ревизијата покажува дека само 15 општини ја ревидирале пазарната вредност на имотот, додека кај комуналните такси состојбата е уште понеповолна – само три видови такси се наплатуваат во повеќе од половина од општините.

Покрај законските недостатоци, ревизорите укажуваат и на сериозен недостиг на административни капацитети. Во голем број општини даночните одделенија работат со непополнети работни места, недостигаат овластени проценители и даночни инспектори, а надзорот на национално ниво го врши само еден инспектор од Управата за јавни приходи. Во сите општини заедно работат само 16 даночни инспектори, кои притоа немаат законска можност да изрекуваат прекршочни санкции.

Дополнителен проблем е неусогласеноста на информатичките системи. Општините користат различни софтверски решенија – ЛТАС, АЗАРО, ИСФ и Комуна – кои не се меѓусебно поврзани и не овозможуваат единствена евиденција на даночните обврски. Во дел од општините сè уште се водат хартиени евиденции, што ја отежнува контролата и наплатата.

Ревизијата констатира и значителни разлики во фискалниот капацитет меѓу општините. Најдобри резултати бележат Град Скопје, Карпош, Чаир, Аеродром и Кавадарци, додека меѓу руралните општини позитивно се издвојуваат Петровец, Илинден и Чучер Сандево. Најслаб фискален капацитет е утврден кај Зрновци, Новаци, Лозово, Кратово и Желино, каде наплатата на сопствените приходи останува значително под потенцијалот.

ДЗР препорачува итни законски измени за модернизирање на системот за оданочување на имотот, воспоставување електронски и меѓусебно поврзани регистри на недвижен и подвижен имот, зајакнување на кадровските капацитети во општините и поефикасна инспекциска контрола. Ревизорите оценуваат дека без сеопфатни институционални реформи и поефикасна наплата на локалните даноци и такси, општините ќе продолжат да губат значителни сопствени приходи и да зависат од трансферите од централниот буџет за финансирање на јавните услуги и локалниот развој.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ