• Latest
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

На 11 август се навршуваат четири години од апсењето на кримскотатарскиот новинар Вилен Темерјанов од страна на руските окупациски власти. Како негов јавен застапник и како претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, најостро го осудувам политички мотивираното гонење на Темерјанов, бруталната репресија врз новинарите во окупираниот Крим и злосторствата што руската агресија ги врши против слободата на изразување, човековите права и достоинството на украинските граѓани.

August 11, 2026 17:54
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Вилен Темерјанов

Вилен Темерјанов

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

На 11 август 2026 година се навршуваат четири години од апсењето на Вилен Темерјанов, кримскотатарски новинар, политички затвореник и еден од гласовите што руската окупациска власт се обидува да ги замолчи со затвор, монтирани обвиненија и сурова репресија.

Темерјанов беше уапсен на 11 август 2022 година во окупираниот Крим и обвинет за „тероризам“ во фабрикуван случај. Неговиот вистински „престап“ беше новинарството: тој одел на местата на претреси во домовите на Кримските Татари, ги снимал рациите со мобилен телефон, известувал како новинар за „Кримска солидарност“ и за изданието „Грани“, и редовно ги следел судските процеси против политичките затвореници.

Руската окупациска машинерија тоа го нарече „опасност“. Всушност, опасноста за окупаторот не беше Вилен. Опасноста беше вистината.

Четири години неправда

Вилен Темерјанов е роден на 16 јануари 1985 година. Тој е Кримски Татар, сопруг и татко на три деца. Неговиот најмал син има тешка срцева болест и, на шестгодишна возраст, веќе поминал низ три операции, а се очекува уште една сложена интервенција. Вилен има оформено старателство над синот токму поради инвалидитетот на детето.

За време на неговото заробеништво и затворање, починале неговата мајка и неговата сестра. Руските власти не му дозволиле да присуствува на ниту еден од погребите.

Ова не е само правна неправда. Ова е суровост на целиот систем – брутална државна одмазда против тие што се осмелуваат да ја кажат вистината. Ова е казна не само за новинарот, туку и за неговото семејство. Тоа е метод на кршење на човекот преку болка, изолација, неизвесност и одземање на најосновните човечки права.

Во затворските услови, здравјето на Темерјанов значително е влошено. Според информациите доставени од украински извори, неговиот вид е нагло ослабен, така што користи очила испратени од роднините. Потребна му е и стоматолошка помош. Тој и понатаму се наоѓа во СИЗО-1 во Ростов-на-Дон, руски истражен затвор и притворски центар што во контекстот на војната се спомнува како едно од местата каде што се држат украински цивили, воени заробеници и политички затвореници.

На 26 ноември 2025 година, Јужниот окружен воен суд во Ростов-на-Дон го осуди Вилен Темерјанов на 14 години затвор во колонија со строг режим, при што првите три години треба да ги издржи во затвор – најсуровата форма на изолација во рускиот пенитенцијарен систем. Тој беше осуден според член 205.5, дел 2 од Кривичниот законик на Руската Федерација, за наводно „учество во активности на организација прогласена за терористичка“ според руското законодавство.

Тоа не е правда. Тоа е окупациска пресуда. Тоа е одмазда против новинарството. Тоа е политички прогон маскиран како судска постапка.

Кримските Татари, мета на окупацискиот режим

Случајот на Вилен Темерјанов не е единствен. Тој е дел од систематскиот прогон на Кримските Татари, коренски народ на Крим, кои од 2014 година се меѓу најсилно погодените заедници од руската окупација.

Руската окупација на Крим не е само воено-политички чин. Таа е механизам на контрола, заплашување, бришење и насилно преобликување на јавниот живот. Таа ги напаѓа идентитетот, верата, јазикот, културата, политичкото претставување, граѓанскиот отпор и слободниот збор.

Претресите во домовите на Кримските Татари, монтираните обвиненија за „екстремизам“ и „тероризам“, долгогодишните затворски казни, судските процеси пред руски воени судови и префрлањето на затворениците далеку од Крим се дел од истиот репресивен шаблон.

Окупаторот сака да го претвори Крим во простор без сведоци. Затоа ги гони новинарите, граѓанските активисти, адвокатите, верските и лидерите на заедницата, семејствата на затворениците и сите што се осмелуваат да кажат дека Крим е Украина.

Вилен Темерјанов е прогонет затоа што известувал од окупираниот Крим, затоа што сведочел за репресијата врз Кримските Татари и затоа што неговото новинарство ја потсетува јавноста на вистината што Москва се обидува да ја избрише: Крим е Украина.

Новинарите, мета на руската агресија

Веќе подолго време пишувам за Вилен Темерјанов и барам слобода и правда за овој наш колега. ЦИВИЛ повеќепати најостро ги осуди руските репресалии и воено-судскиот прогон против Вилен Темерјанов и против сите новинари што известуваат за руските злосторства, окупацијата, политичките затвореници, тортурата, присилните исчезнувања и кршењето на човековите права во окупираните територии на Украина.

Новинарството не е злосторство. Документирањето на претрес, судење, исчезнување, затворање или злоупотреба не е тероризам. Напротив, тоа е јавен интерес, професионална и човечка должност.

Руската Федерација, со својата агресија против Украина, води и војна против вистината. Во таа војна, новинарите се апсат, киднапираат, држат во заробеништво, малтретираат, осудуваат во монтирани процеси и убиваат.

Името на Викторија Рошчина останува едно од најболните сведоштва за неизмерната бруталност на рускиот окупатор. Украинската новинарка, која известуваше од окупираните територии, беше во руско заробеништво и не се врати жива. Нејзината смрт, потврдените знаци на тортура и фактот дека телото ѝ беше вратено со исчезнати органи се обвинение против целиот руски систем на агресија, окупација и брутална пресметка со цивилите. Светот не смее да молчи пред суровите практики на киднапирање, тајно задржување, изолација, тортура и нечовечко постапување кон цивили и новинари.

Темерјанов е жив, но е зад решетки. Рошчина е убиена во руско заробеништво. Други новинари и медиумски работници сè уште се држат во руски затвори и логори. Нивните имиња не смеат да исчезнат од јавноста.

Вилен Темерјанов е еден од политичките затвореници на Крим што се спомнуваат и во годишната резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за состојбата со човековите права на привремено окупираните територии на Украина, вклучително и Автономната Република Крим и градот Севастопол, усвоена на 17 декември 2024 година.

Јас, како јавен застапник за ослободување на Вилен Темерјанов, барам негово итно ослободување од руско заробеништво и затвор. Го барам тоа и во име на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права, на Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА, како и на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата и Вестминстерската алијанса за Украина. Јавно повикувам на меѓународна солидарност со нашиот колега Вилен и со сите украински новинари и политички затвореници – жртви на руската агресија и окупација.

Овој јавен повик не е само чин на солидарност. Ова е дел од борбата за слобода на медиумите, за човекови права, правда за Украина и одговорност за руските злосторства.

Затоа, уште еднаш и без двоумење: Барам итно и безусловно ослободување на Вилен Темерјанов. Барам слобода за сите украински новинари, медиумски работници и политички затвореници во руско заробеништво. Барам правда за Викторија Рошчина. Барам одговорност за Руската Федерација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ