• Latest
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026 12:29
in ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Share on FacebookShare on Twitter

Марко Маневски

Вчера прочитав твит објавен од профилот Филип Аврамовиќ (Лажни) и прво се насмеав, а потоа смеењето ми заглави некаде зад градната коска, како кога пребрзо ќе изедеш ќебап.

/// Филип Аврамовиќ (Лажни) / 17/7/2026 ///

Ама народот не ја сака ЕУ.

Па не сака ни забар, ни гинеколог, ни преглед на простата, ни во театар, па не сакаше ни на училиште, го мразеше од дното на душата.

Народот сака пиво, скара, да му пее нешто од Ѓани, и да се курчи, ама ако може на туѓа сметка.

Бидејќи тој твит, зад таа лесна рима и тоа „да се курчи на туѓа сметка“, ја носи целата антропологија на една нација која одлучила возрасноста да ја третира како болест за која постои рекламација.

Да одиме по ред. Народот, како што вели авторот, не сака ни забар, ни гинеколог, ни преглед на простата, ни театар, ни училиште. Одлична листа. Погледнете ја внимателно, бидејќи тоа не е случаен избор на работи што луѓето ги мразат. Тоа е инвентар на сè што бара денес да платиш цена за утре да ти биде подобро. Забарот боли денес за да не боли повеќе за две години. Прегледот на простата е непријатен денес за да не биде неповратен за пет години. Училиштето е здодевно денес за да не бидеш глупав засекогаш. ЕУ е, во таа метафора, колективен забар кој доаѓа со дупчалка наречена „владеење на правото“, „транспарентност на јавните набавки“ и „независно судство“. Но народот вели: не, благодарам, порадо ќе оставам забот да ми падне сам од себе, по природен пат, како и сè останато во оваа земја. Што е сосема разбирливо за организам кој е навикнат да трпи болка без никаква награда на крајот.

Но еве каде приказната станува сериозна и ќе се обидам да ја објаснам без некој да ме обвини за автошовинизам, бидејќи тоа денес е главниот аргумент против секој вид критика. Она што овој пост всушност го дијагностицира не е евроскептицизам. Евроскептицизмот е легитимна политичка позиција, ја имаат и Французите и Унгарците и Холанѓаните. Но таму тоа се сведува на прашања за суверенитет, миграции, земјоделски квоти. Она што го имаме ние е нешто друго. Ова е инфантилен рефлекс кој не ја одбива ЕУ како институција, туку одговорноста како категорија на постоење. Не е проблемот Брисел. Проблем е идејата дека било кој, било каде, треба да одговара за било што.

Затоа е генијален тој втор дел, оној со пивото, скарата и Ѓани. Бидејќи тука се открива што народот навистина сака од Европа. Го сака стандардот што го нуди ЕУ само без договорот што оди со тоа. Сака пари од фондовите, но без извештаи за трошењето. Сака автопат, но без тендери кои не завршуваат со апсење. Сака пензија како во Германија, но придонеси како во Зимбабве. Сака детето да му студира во Виена, но училиштето дома да остане онакво какво што било кога и тој го завршил, бидејќи, да признаеме, полесно е да го обвинуваме системот за сопствените деца отколку да признаеме дека ние сме тие што не сме сакале да ги воспитаме.

И тука доаѓаме до таа прекрасна, речиси поетична формула од крајот: „да се курчи, ама ако може на туѓа сметка“. Ова, дами и господа, не е само опис на менталитетот. Ова е опис на економскиот модел на целиот регион во последните триесет години. Кредитот земен, а го отплаќа некој друг. Фирмата пропадната, а долгот префрлен на државата. Фабриката продадена за едно евро, паркот на природата исечен за апартмани, а сметките… е, сметките секогаш стигнуваат по пошта кај некој трет, по можност кај внукот кој сè уште не се ни родил. Ние сме народ кој ја усовршил вештината на спектакуларно гестикулирање без никаков ризик. Се курчиме на кредит, буквално и фигуративно.

Сега, пред некој да помисли дека сум овде за да ја бранам Европската Унија како некој платен лобист – не сум. ЕУ има свои демони, своја бирократија, свои двојни стандарди кон Балканот, и за тоа би можел цел друг текст да напишам, ако не и два – три. Но, проблемот со оваа реалност не е „ЕУ: да или не“. Проблемот е што како општество развивме алергија на каква било структура која бара од нас денес да бидеме непријатни кон себе за утре да бидеме функционални. Не им веруваме на институциите бидејќи отсекогаш сме ги гледале како ограбуваат, па сме, наместо да бараме подобри институции, одлучиле воопшто да не им веруваме на институциите, што е отприлика како да ти оперираат слепо црево на живо, па потоа наместо да го тужиш хирургот кој одбил да ти стави анестезија, одлучуваш дека никогаш повеќе нема да одиш во болница, туку секој следен воспален орган ќе го лекуваш со ракија и со Острог.

Ѓани пее, скарата цврчи, пивото се пени, и сè е, на момент, совршено. Тоа е нашиот национален анестетик – бучава, месо и алкохол, во дози доволни за да го удавиме фактот дека секој ден некој за нас потпишува некаков долг за кој не ни знаеме дека го имаме. Не велам дека треба да престанеме да пиеме пиво. Само велам дека би било убаво еднаш, само еднаш, да го испиеме тоа пиво после прегледот на лекар, а не наместо него.

Тоа нема да се случи, се разбира. Но ете, барем се насмеавме додека го споделувавме скриншотот од шеговитиот пост, а тоа е, искрено, максимумот на кој овде можеме да сметаме. Хуморот ни е единствената социјална заштита која никогаш не доцни со исплатата.

 


Наслов на оригиналот: Narod neće EU, narod hoće da mu neko drugi plati roštilj


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ