• Latest

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Путин, криптото и следната будала

Како принципот на „следната будала“ стана уште една патека за заобиколување на санкциите.

August 14, 2026 10:58
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ванчо Орданоски

За да се разбере последната одлука на Русија да ги легализира криптовалутите, мора малку едукација за тоа што се тие, како функционираат и зошто се љубена алатка на белосветските измамници.

Криптовалутите, економски гледано, се технолошки збогатена пирамидална шема. „Find the next fool“ аранжман, чија вредност се темели исклучиво на следниот будала којшто сака да купи криптовалута. Нивната почетна вредност се создава со т.н. рударење (mining) – бесмислено изведување на сложени математички формули за што е потребна интензивна компјутерска употреба, при што се трошат огромни количини на електрична енергија.

Теоријата е дека тие пари, вложени во (пак ќе речам) потполно бесмислени математички пресметки, магично се претвораат во замислени валути со вредност. Апсолутно без основ во реалната економија, се потпираат на потрошена струја, со компјутери често пати илегално споени на електричната мрежа.

За да можат да се тргуваат, продаваат и купуваат, се креираат берзи (exchanges) на кои се нудат, а „следните будали“ ги купуваат, вложувајќи реални пари во замена за тие валути. Берзата, се разбира, зема провизија од секоја трансакција. Нивните сопственици не „произведуваат“ криптовалути, само си седат и бројат „пиксла“ од секоја трансакција.

Нормално, ваквите системи ги привлекуваат сите проклети преваранти во светот, да основаат свои берзи. Некои од најголемите финансиски измами во историјата се направени со вакви берзи. Да потсетам на FTX, којашто колабираше во 2022 година, откако се откри дека нејзините сопственици ги злоупотребувале средствата вложени од корисниците, со криење на проблемите од недостиг на средства, лажни извештаи, присвојување на парите и неброени други мајмунлаци. На крајот банкротираше, а подоцна следуваа кривични истраги против дел од одговорните.

Основачот, Sam Bankman-Fried, доби 25 години затвор, и уште го лежи. Се бранеше дека „немал поим што се случува“, очекувано од секој преварант, од џепчија на Бит-пазар, до крадец на 30 милијарди долари.

Очекувано, и фамилијата на Трамп ги вмеша прстите: Во World Liberty Financial главните имиња од семејството Трамп се Доналд Трамп и неговите синови Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп; Доналд е јавното лице и „Chief Crypto Advocate“, а синовите имаат водечки промотивни улоги.

Reuters во јуни 2026 пресмета дека World Liberty продал околу 1,4 милијарди долари WLFI токени, при што околу 987 милиони долари им припаднале на Трампови според нивниот 75% удел во приходите од продажбата и договорената структура.

За криптото, сепак, да добие некаква патерица во реалниот свет, се појавија stablecoins – токени врзани главно за доларот и, барем според ветувањето на издавачот, покриени со реални резерви. (nudge-nudge, wink-wink).

Некои ги споредуваат берзите на криптовалути со „нормалните“ светски берзи на акции на компании. Веднаш е воочлива разликата – реалните берзи се потпираат на реални компании коишто произведуваат реална вредност со своите продукти и услуги. Реалните берзи се во основа шпекулативни, со често пати потполно бесмислени растови на вредности (видете што се случува со ВИ-поврзаните фирми, преварите на Елон Маск, Лери Елисон, Џеф Безос, итн.).

Сепак, разликата е фундаментална. Технолошки гледано, криптовалутите не се сосема анонимни, туку псевдонимни. На јавните блокчејни трансакциите оставаат трајна и видлива трага, но зад адресата не мора да стои име и презиме. Парите можат да се следат од адреса до адреса, но вистинскиот проблем за истражителите е да докажат кој човек стои зад тие адреси.

Со користење на нерегулирани берзи, peer-to-peer трансакции, mixers, и разни други враголии, таа врска може драматично да се замагли. Токму таа комбинација – глобално движење на пари без банка и можност идентитетот да се сокрие зад низа адреси – ги направи криптовалутите привлечни за измами, перење пари, ransomware, санкциско заобиколување и други криминални активности.

Што нѐ доведува до Путин – преварант од светски ранг. Русија не ги легализираше криптовалутите затоа што Путин преку ноќ се вљубил во блокчејн, туку затоа што санкциите ѝ го затворија главниот влез во западниот финансиски систем. Кога банките не помагаат, секој обиколен пат одеднаш станува „иновација“.

Најновиот закон од 21 јули 2026, кој стапува на сила на 1 септември 2026, дополнително го легализира и регулира самото тргување со криптовалути во Русија. Иронијата е тоа што забраната тие да се користат како нормално домашно платежно средство, останува.

Државата (Путин) смеат да мамат, граѓаните не – ним не смее да им се верува. Во исто време, Кина и Индија со години ја користеа руската слабост за да купуваат евтина нафта, а Москва добиваше хард, колд кеш. Американскиот притисок почна да го стега тој канал, сè додека Иран и Хормуз не ја зезнаа работата.

И тука почнува геополитичкиот сарказам.

Затворањето и нарушувањето на сообраќајот низ Хормуз – артерија низ која минува огромен дел од светската нафта – ја крена цената на енергенсите и повторно ја направи руската нафта попривлечна за Азија. Индија стигна до рекордни количини руски барели, Кина повторно посегна по Москва, а Путин доби нешто што санкциите требаше да му го одземат: повеќе купувачи и подобра цена.

Токму тука, политиката на Трампски почнува да личи на човек којшто со едната рака го гаси пожарот, а со другата долева бензин. Вашингтон сака да ги намали приходите на Кремљ, но конфронтацијата со Иран и кризата околу Хормуз ја туркаат светската цена на нафтата нагоре и ја зголемуваат стратешката вредност на руските барели.

Наместо Москва да биде притисната во агол, пазарот повторно ѝ отвора врата.

Фуснота – како реално функционираат криптовалутите: Основната технологија кај најголемиот дел криптовалути се нарекува blockchain јавна сметководствена книга што ја чуваат и потврдуваат голем број компјутери, наместо една банка. Тоа ја отстранува централната контрола, но создава проблеми со брзината и скалирањето, можноста да обработуваат големи броеви на трансакции.

Bitcoin, на пример, создава нов блок во просек на околу десет минути, Ethereum на околу 12 секунди, додека некои понови мрежи се значително побрзи.

Уште поголем проблем е неповратноста: кога трансакцијата еднаш е финализирана на блокчејнот, нема банка што може едноставно да притисне „undo“ – погрешно испратените пари може да ги врати само примачот со нова трансакција.

Затоа криптото тешко може да го замени финансискиот систем, кој бара огромен капацитет, брзина и механизми за корекција на грешки. Токму неповратноста и псевдонимноста, пак, го прават криптото особено погодно и за шпекулации, измами и заобиколување финансиски контроли.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ