• Latest
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026 07:30
in ИЗБОРИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Share on FacebookShare on Twitter

Марко Маневски

Ви пишував пред повеќе од една година за гулабите кои би пумпале, но не смеат. Пишував за децата кои, додека ние филозофиравме од кафанска дистанца за геополитиката и се прашувавме „кој го плаќа сето ова?“, ја кренаа главата и кажаа нешто што ние со децении немавме храброст да го изговориме наглас. Тогаш ветив дека нема да бидам обичен мапетовец на балкон кој се кикоти. На дваесет и петти октомври имам можност тоа ветување да го претворам во нешто опипливо.

И затоа, по исклучок, повторно пишувам за дневната политика, иако секогаш сум ви велел дека таа како тема ме интересира колку и роденденот на хрчакот на соседот. За мене политиканството е последица на нешто подлабоко, онтолошко и тоа далеку повеќе ме интересира. Но, кога пред тебе ќе се најде изборот помеѓу молчењето, покорноста и слободната непослушност, а ти си напишал цела книга за тоа како молчењето се пренесува како семејно проклетство, би било лицемерно повторно да ја затвориш устата и да кажеш дека тоа не е твоја тема. Затоа е време и јас да фрлам некоја паричка во оваа фонтана.

Заклетвата што ја прекршија оние кои ја изговорија

Сетете се на пионерската заклетва. Не ви треба Гугл, ја знаете напамет, врежана ви е во главата како „Оче наш“, за да ја заборавите штом ќе сфатите дека Бог и онака не ви одговара на мејловите. „… денес кога станувам пионер, давам чесен пионерски збор дека марливо ќе учам и работам… дека ќе ја сакам својата татковина… дека ќе ги почитувам сите луѓе и народи во светот кои сакаат слобода и мир.“

Убав збор. Сериозен. Само што генерацијата која го изговори научи дека тоа е само текст за приредба, како песничка што ќе ја испееш и ќе ја заборавиш штом ќе ја симнеш марамата. Таа иста генерација, кога дојде време таа заклетва навистина да се положи (во фирмите, во институциите, на изборите), одлучи дека „да се работи за заедницата“ е надминат концепт и дека единствената вистинска мудрост е она што ќе успееш да го извлечеш за себе пред некој друг да го грабне. Не изградија општество. Го распродадоа. Евтино. На рати.

Не го велам ова за да плукнам по една генерација како таа да е монолитна маса. Секако дека има многу чесни луѓе кои се давеа во истиот систем и немаа каде да одат. Но, како колектив, како систем на вредности, таа генерација од „сите за еден, еден за сите“ направи „секој за себе, а Бог, само за оној што ќе плати свеќа во вистинската црква“. И тоа ни е оставено во аманет. Не стан, не фабрика, не пензија, туку само сметка која ние сега ја плаќаме, со камата зголемена за три децении небрежност.

Децата кои без збор ја положија заклетвата во срцата

И тогаш, од таа иста тиња, од таа иста земја која заборави што си вети себеси, се појавија деца кои ги зедоа токму тие исти зборови: правда, чесност, работа за заедницата. И наместо да ги изрецитираат построени пред знамето на наметнатата идеологија, па да ги заборават до следната годишнина, тие ги прифатија како дел од сопствениот идентитет. Не како форма. Како суштина.

Тоа ви е разликата што вреди да се запамети. Претходната генерација ја носеше заклетвата како униформа. Ја облекуваш за пригода, ја соблекуваш штом ќе ти засмета. Оваа генерација ја носи истата заклетва како кожа. Не можат да ја соблечат, бидејќи тоа би значело дека се соблекуваат себеси.

И затоа, додека ние објаснувавме дека „ова не може вака“, дека „мора некој да води“, дека ни треба цврста рака бидејќи, како народ, наводно секогаш сме се распаѓале без неа – тие ја одбија токму таа идеја. Го одбија водачот. Го одбија спасителот. Ја одбија цврстата рака, бидејќи ја знаат историјата подобро од нас кои ја живеевме: секоја цврста рака кај нас, порано или подоцна, се стега околу нечиј врат, а не околу проблемот. Не бараат нов господар кој подобро ќе ги тепа од претходниот. Бараат никој да не ги тепа.

Затоа не ме чуди што нивната листа, оваа студентската, одби да биде уште една партија со лидер на плакат и слоган смислен во некоја агенција. Нивната мисија не е „гласајте за нас, ние знаеме подобро“. Нивната мисија е поедноставна и, токму затоа, поопасна за сите што се вгнездија во системот. Да се суди според законот, а не според врски. Законите да се пишуваат за доброто на општеството, а не за доброто на тесниот круг партиски луѓе и странски компании кои одамна научија дека овде е поевтино да купиш пратеник отколку да платиш данок.

Ова не е политика, ова е имунолошки одговор

Затоа ве молам, немојте ова да го сведувате на лево-десно, на црвено-сино, на тоа кој е „наш“, а кој „нивен“. Ова не е борба на политички идеологии. Ова е борба за опстанок, и тоа буквално, не во онаа поетска смисла што ја користам кога пишувам за разноразните парадокси на нашето општество.

Ви пишував еднаш дека непослушноста е имунолошкиот систем на општеството. Па, еве ви овојпат буквална примена на таа метафора, не како фазон туку како дијагноза: ова е последниот обид на тој имунолошки систем да се избори со вирусот на клептократијата кој толку се удомил во организмот што почнал да се однесува како тој да е орган, а не инфекција. И како секој опасен вирус кој чувствува дека му се заканува елиминација, не бира средства. Посегнува по најмрачните делови од нашата историја, по старите стравови, по деведесетите години од минатиот век, по војната, по санкциите, по сè она што некогаш навистина нè скрши. Не за да нè заштити од тоа, туку за со тој ист страв да ја замати водата доволно за да не видиме кој всушност нè труе.

Тоа е трик што веќе го имаме гледано. Истите луѓе кои нè доведоа до дното сега нè плашат дека, ако се побуниме, ќе паднеме уште подлабоко. Како кога алкохоличарот ја убедува жената дека, ако го остави, сигурно ќе умре без него – заборавајќи дека таа умира токму покрај него, во истата соба, целиот свој век.

Последната лекција за лошите ученици

Па нека ми каже сега некој дека политиката не е моја тема. Молчев со децении, како и сите ние, бидејќи нè научија дека молчењето е мудрост, а кревањето глас секогаш е нечиј повик за одмазда. Но, на дваесет и петти октомври нема да молчам, и нема да ви советувам да молчите ниту вие.

Да заклучам онака како што заслужува, бидејќи ова не е текст за црн хумор, ова е текст за трезен момент среде инаку неизлечиво саркастичниот живот. Оние кои нè учеа на послушност, кои со децении мислеа дека секогаш ќе постојат доволно уморни, исплашени и послушни ученици кои ќе го отседат часот молчејќи, го добија одговорот што не го очекуваа. Одмаздата на лошите ученици е отсвирена. Бидејќи овојпат, не ја кренаа главата оние најлошите и најгласните во одделението за да прават хаос. Ја кренаа најдобрите ученици, оние кои, иронично, единствени навистина ја научија лекцијата: дека правдата е вредна за трудот, а не само фраза за приредба.

И затоа, на дваесет и петти октомври, и јас излегувам од мојата сива зона. Не како саркастичен аналитичар, туку само како човек кој конечно сфати дека молчењето повеќе не ѝ стои добро на неговата совест.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ