• Latest

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
Ground robotic systems

„Армија на роботи“: Украина ја забрзува роботизацијата на бојното поле

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026 19:38
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорка на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Н.Е. Мишел Камерон

Амбасадорка на Норвешка во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Н.Е. Кристин Мелсом

Амбасадорка на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир

 

Секое утро во 9:00 часот, Украина запира.

Низ градовите во Украина, од звучниците што вообичаено се користат за предупредување за претстојни руски воздушни напади, се емитува рамномерното отчукување на часовникот.

Градските улици, полни со живот, замолчуваат.

Семафорите се вклучуваат на црвено. Автомобилите запираат.

За една минута, целата земја запира.

Ова е секојдневната минута молчење во Украина, национален чин на сеќавање на оние што беа убиени во незаконската војна на Русија. На работните места, во домовите, училиштата, пазарите и на автопатиштата, Украинците запираат за да им оддадат почит на оние што ги дадоа своите животи бранејќи ги суверенитетот и слободата на својата земја и да се потсетат на илјадниците цивили чии животи беа одземени како последица на руската агресија.

Тишината, исто така, го отсликува отсуството што го чувствуваат илјадници семејства чии најблиски сè уште не се вратиле дома.

Меѓу нив се илјадниците украински деца кои во текот на војната беа присилно преместени и незаконски депортирани од страна на Русија. Одделени од своите семејства и заедници, на многумина им беа одземени делови од нивниот основен идентитет: нивниот јазик, нивната култура, па дури и нивните имиња.

Други се цивили незаконски притворени на териториите привремено окупирани од Русија. Многумина претрпеле последици поради тоа што го предавале својот јазик, ја практикувале својата култура, јавно се спротивставувале на окупацијата или ја споделувале вистината за она на што биле сведоци. Некои биле префрлени во установи за притвор во Русија, каде што се држат без соодветна правна постапка, им се оневозможува контакт со најблиските, лишени се од соодветна медицинска грижа и се држат надвор од независен мониторинг.

За украинските воени заробеници во руско заробеништво, условите остануваат подеднакво загрижувачки. Оние што се вратиле пријавиле сурово постапување, додека независни тела документирале широко распространети злоупотреби, вклучително и тортура и сексуално насилство.

Ова не се несакани последици од војната на Русија. Дејствијата на Русија претставуваат повторувани и добро документирани прекршувања на меѓународното право, извршени во големи размери, во обид да се скрши волјата на украинскиот народ.

Зад секој случај стои човечка приказна: родител кој чека дете, брачен другар кој чека телефонски повик, семејство кое чека некој да се врати дома.

Знаеме дека вистинското мерило за мирот се наоѓа токму во овие приказни во чиј центар е човекот. Тоа е дете вратено кај своето семејство, цивил ослободен од незаконски притвор, воен заробеник повторно обединет со своите најблиски и заедница на која ѝ е дадена можност да заздрави и повторно да се изгради.

Размерите на ова прашање се огромни и ниту една земја или организација не може сама да се справи со него. Успехот бара континуирана соработка меѓу владите, меѓународните организации, хуманитарните организации и граѓанското општество.

Токму затоа Канада, Норвешка и Украина ќе ги соберат министрите за надворешни работи и меѓународните партнери во Торонто на 28 и 29 септември на конференцијата „Патеки кон мирот: Втора меѓународна конференција за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници“.

Надоврзувајќи се на напредокот постигнат на Министерската конференција на истата тема, чиј домаќин во Канада во 2024 година беа нашите три земји, конференцијата ќе ги обедини меѓународните партнери за поддршка на напорите на Украина за враќање, рехабилитација и реинтеграција на депортираните украински деца, притворените цивили и воените заробеници.

Нивното враќање е хуманитарен императив и е од клучно значење за секој мировен процес, придонесувајќи за градење доверба и поставување на темелите за праведен, траен и достоинствен мир. Секое вратено лице повторно обединува едно семејство. Секое повторно обединето семејство ја зајакнува заедницата. А секоја заедница што напредува помага во обновата на Украина.

Секое утро, милиони Украинци запираат за да се потсетат на оние што ги нема и на оние што сè уште не се вратиле. Сеќавајќи се на нив и покажувајќи извонредна храброст и снаодливост, тие истовремено го поправаат она што Русија го оштетила, се грижат едни за други и ги зајакнуваат заедниците што руската агресија настојува да ги разедини.

Се надеваме дека „Патеки кон мирот“ ќе ја мобилизира меѓународната заедница не само да застане заедно со Украина во знак на сеќавање, туку и да дејствува заедно со неа за да помогне секое депортирано дете, секој притворен цивил и секој воен заробеник да се врати дома.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ