• Latest
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

Мицкоски користи точни показатели за инфлацијата и растот на БДП, но од нив извлекува многу поинаков заклучок за животниот стандард. Пониска стапка на инфлација не значи пониски цени, ниту подобра куповна моќ, а растот од 4,3 проценти не значи дека приходите на граѓаните растат со исто темпо.

September 29, 2026 12:21
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски од партиската говорница во Брвеница на митингот вчера, повторно ја претстави економската состојба како поволна преку две бројки: инфлацијата во Северна Македонија е пониска од европската, а БДП во вториот квартал пораснал за 4,3 проценти. Самите бројки се во голема мера точни. Проблемот е нивната интерпретација.

Во август годишната инфлација во Северна Македонија изнесувала 2,6 проценти, според Државниот завод за статистика. Во Европската Унија таа изнесувала 3,2 проценти.

Но од тоа не следи дека граѓаните во Северна Македонија се помалку погодени од високите цени отколку граѓаните во ЕУ.

Инфлацијата не го мери нивото на цените, туку брзината со која тие се менуваат.

Ако производ кој пред неколку години чинел 100 денари веќе поскапел на 140 денари, инфлација од 2,6 проценти не значи дека цената се враќа надолу. Таа значи дека новото, веќе повисоко ниво продолжува да расте, само побавно.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Затоа тезата дека „инфлацијата е пониска од европската“ не може да се користи како доказ дека животниот стандард е подобар или дека ценовниот проблем е решен.

Уште поважно е со колкав доход граѓаните ги плаќаат тие цени. Евростат покажува дека ценовното ниво во Северна Македонија е пониско од просекот на ЕУ, но разликата кај храната е многу помала од разликата во економската моќ. Во 2025 година храната и безалкохолните пијалаци во земјата биле на околу 74 проценти од просечното ценовно ниво на ЕУ.

Со други зборови, храната не е „четири или пет пати поевтина“ затоа што приходите се многу пониски.

Последниот податок на ДЗС покажува просечна нето-плата од 48.499 денари во јули. Реално, по пресметување на инфлацијата, платата била за 4,7 проценти повисока од јули минатата година. Тоа е позитивен показател, но просечната плата не кажува колку заработуваат домаќинствата под просекот, ниту колкав дел од нивниот доход оди за храна, домување и енергија.

Дури и августовските податоци покажуваат дека притисокот врз секојдневната потрошувачка не исчезнал. За само еден месец храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за уште 0,5 проценти, а домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива за 0,2 проценти.

Слично е и со БДП.

Растот од 4,3 проценти во вториот квартал е официјален податок и несомнено е позитивен. Но владината презентација ја остава настрана структурата на тој раст. Најголемиот скок е во градежништвото, дури 21,9 проценти. Сезонски и календарски приспособениот раст на целата економија е 4 проценти, а растот во однос на претходниот квартал е 1,3 проценти.

Оттука, ниту растот на БДП од 4,3 проценти значи дека платите пораснале за 4,3 проценти, ниту дека секое домаќинство располага со 4,3 проценти повеќе пари.

Всушност, самиот Мицкоски во Брвеница призна дека растот допрва треба „повеќе да се почувствува“ во платите и семејните буџети.

Тука е слабоста на владината економска порака. Да не речеме манипулацијата.

Пониска инфлација од ЕУ е добар показател за моменталната динамика на цените. Раст од 4,3 проценти е добар показател за економската активност. Но ниту едното ниту другото не е доказ дека Северна Македонија има подобра економска положба од ЕУ, дека високите цени се надминати или дека растот подеднакво стигнал до семејните буџети.

Бројките се точни. Заклучокот што им се додава е она што бара многу повеќе контекст.

Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ МЕДИА


Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ