• Latest
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува освен посебен сообраќаен режим?

October 2, 2026

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Политичка култура на исклучивост и конфронтација: Политики заробени во минатото, без одговори за сегашноста и иднината

Како трите судири меѓу СДСМ, „12:05“ и ВМРО-ДПМНЕ ја откриваат сликата за власта, опозицијата, европскиот пат и демократската култура во земјата.

October 2, 2026 08:33
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА | конфронтација, дисквалификација и исклучивост (илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала | Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

Политичката конфронтација меѓу СДСМ, платформата „12:05“ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ влезе во нова, поостра фаза. Но зад дневните вести и коментари за најновата вербална ескалација се наоѓа сликата на политичката култура во земјата – односот кон различното мислење, начинот на кој се води борбата за власт и за тоа колку малку простор останува за дијалог, компромис и заеднички одговори на клучните државни прашања.

Последниот бран на конфронтации започна со прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој не штедеше зборови во исклучително остриот напад и кон Владата и кон групата „12:05“, чии организатори доаѓаат и од партискиот естаблишмент. Реакциите што следеа само ја потврдија дијагнозата за контаминиран политички простор во кој различните актери комуницираат преку дисквалификации, закани и меѓусебно исклучување.

Моментот е значаен. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е во посета на Скопје (2 октомври), во период кога европскиот пат повторно е клучно прашање на домашната политичка сцена.

Филипче: Европски застој, странски влијанија и пресметка во СДСМ

Филипче го постави европскиот застој како централна линија на напад кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Тој тврди дека Северна Македонија ризикува да остане надвор од новиот бран на европска интеграција и политичката одговорност ја лоцира директно кај Мицкоски.

Во вечерното интервју за ТВ Сител, Филипче ги потврди и детализира своите тези од прес-конференцијата. Тој уште еднаш посочи на српското и унгарското влијание, унгарскиот кредит и кинеските пари, медиумското влијание и политичкиот однос кон Србија. Овие прашања ги поврза со европската ориентација на државата и со својата оценка дека Мицкоски води политика спротивна на стратешките интереси на земјата.

На „12:05“ Филипче им порача или да се вклучат и да помогнат во партијата или да му се „тргнат од патот“, употребувајќи ја и фразата дека ќе ги „изгази како шлепер жаба“. Притоа потсети дека тоа е вокабулар од минатото на партијата, употребен од лидерот во 1990-те и првата половина на 2000-те, Бранко Црвенковски.

Филипче вели дека тие што сега бараат промени имале функции и можност да дејствуваат кога СДСМ бил во далеку подобра политичка позиција, но тоа не го сториле.

„12:05“: Проблемот е лидерството и партиската демократија

„Разговори за иднината во 12:05“ возвратија со соопштение во кое го обвинија Филипче дека користи навредлив речник, дека се пресметува со луѓето кои мислат поинаку и дека покажува авторитарност, наведувајќи дека сѐ повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски.

Од „12:05“ порачуваат дека критиката не е насочена кон уништување на СДСМ, туку кон негово реформирање. Најавуваат дека предлозите за структурни промени ќе ги достават до партијата.

Внатрепартискиот судир во СДСМ очигледно веќе не е само кадровски. Кој и како ја определува иднината на дејствувањето на СДСМ, кој одредува каде почнува и каде завршува внатрепартиската критика, и дали „12:05“ постепено прераснува во организирана политичка платформа со пошироки амбиции – остануваат отворени прашања.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е против инвестиции и развој – „прво Бугари во Устав“

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини Филипче дека е „против инвестиции“ и „против развој“, наведувајќи ги индустријата, рудниците и дата-центрите како примери, а неговата позиција за европскиот пат ја претстави како политика „прво Бугари во Устав, па сè останато“.

Во истото соопштение партијата го обвини лидерот на СДСМ и за „ново предавство на националните интереси“, поврзувајќи го со политиките на поранешниот премиер Зоран Заев и со, како што наведува, „бугарскиот диктат“. ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, своето владеење го претставува како период на инвестиции, економски раст, нови работни места и повисоки плати, наведувајќи раст на БДП од 4,3 проценти во последниот квартал.

Отсуство на политички дијалог

Како и да е, овој преглед на меѓусебни остри напади не треба да се чита како изедначување на сите страни. Симетрија меѓу нив не постои. ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата, ја има најголемата парламентарна сила и управува со клучните институции на извршната власт. Оттука произлегува и нејзината првенствена институционална одговорност за излез од политичкиот, реформскиот, економскиот и европскиот застој.

Континуираното сведување на евроинтегративниот спор на „предавници“, „бугарски диктат“ и идентитетска мобилизација – со години – може да донесе политички профит, па и власт. Но не создава простор за конкретни чекори во процес за кој ЕУ експлицитно бара меѓупартиска соработка и исполнување на преземените обврски. Европската комисија токму политичката поларизација ја посочува како фактор што ги забавува реформите, а Советот на ЕУ јасно ги поврзува следните чекори во преговорите со договорените уставни измени.

Зад видливата партиска конфронтација постојат и неформални центри на моќ, интереси и влијанија што заслужуваат посебно внимание. Редакцијата и Аналитичкиот тим ги следат, но сознанијата, гласините и индициите не ги третираат како факти без доволно проверливи докази.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Политичка култура на конфронтации и исклучивост

Зад различните позиции и дневнополитичките судири очигледен е подлабок – суштински – проблем. Во земјата доминира политичка култура во која конфронтацијата, дисквалификацијата и исклучивоста го истиснуваат дијалогот, аргументите и барањето заеднички решенија. Политичките противници не се третираат како конкуренти со кои мора да се дели демократскиот простор, туку како непријатели што треба да се замолчат или отстранат по секоја цена.

ЦИВИЛ на ова укажува речиси три децении – од своето основање до денес.

Трите протагонисти на оваа сторија, всушност, водат три различни расправи. СДСМ зборува за европскиот застој и влијанијата што ги смета за закана за прозападната ориентација на државата. „12:05“ зборува за кризата на СДСМ, лидерството и внатрепартиската демократија. ВМРО-ДПМНЕ упорно ја враќа дебатата кон „ѕвездените успеси“ во економијата и заштитата на „националната гордост“. И во наметнувањето на таа рамка има огромна предност.

Како владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ располага со огромна институционална и комуникациска моќ и со пресудно влијание во медиумскиот простор. Наспроти тоа, независните медиуми и граѓанските организации работат во услови на хронична финансиска несигурност и низа форми на политички и економски притисок.

Во сите три наративи има прашања што заслужуваат сериозна политичка дебата во коректен, конструктивен и инклузивен процес. Тоа би била демократска дебата во општеството во која би учествувале политичките претставници на сите заедници и граѓанското општество.

Но тоа не се случува. Политичката и јавната комуникација е заснована на јазикот на остра дисквалификација.

Политичката поларизација веќе не се однесува само на различни политики, туку и на губење на минималните услови да се најдат заеднички јазик и простор во кој тие политики може рационално да се натпреваруваат во барањето решенија и носењето одлуки за доброто на сите граѓанки и граѓани – и на државата.

Посетата на фон дер Лајен само го прави контрастот повидлив. Европските институции можат да понудат рамка, финансиска поддршка, услови и политичка перспектива. Но не можат да создадат демократски амбиент, политички плурализам и минимален консензус околу стратешките прашања. Тоа можат да го направат само политичките актери во Северна Македонија.

Зад дневно политичката бучава остануваат многу поголеми прашања. Како да се убеди власта да го деблокира пристапниот процес? Како ќе се спроведат реформите? Кој и како ќе се справува со странските и хибридните влијанија? Каква регионална политика ќе се води во услови на заострени односи и тензии?

И конечно, дали европската ориентација ќе остане суштинска стратешка политика на државата, со реформски, демократски и вредносни последици? Или сѐ ќе остане на декларативна определба за ЕУ, претворена во мамец за пристап до европските фондови, додека олигархијата и националистите продолжуваат да го исцрпуваат општеството?

Фон дер Лајен ќе дојде и ќе замине. Но длабоката поларизација и фрагментација, несигурноста и тензиите ќе останат. Општеството ќе продолжи да се соочува – и да страда – од последиците на бескрајните политички битки. Елитите ќе се богатат, луѓето ќе тонат во сиромаштија, отруени со митовите за минатото.

Без одговори за сегашноста. И без иднина.

 


ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: 12:05ВМРО-ДПМНЕдисквалификацијаисклучивостконфронтацијаполитичка култураСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ