На 17 септември 1939 година, нешто повеќе од две недели по нападот на нацистичка Германија врз Полска, Црвената армија влезе во земјата од исток. Советското образложение не ја опишуваше акцијата како инвазија, туку како неопходна интервенција за „заштита“ на населението.
Во официјалната нота на советската влада се тврдеше дека полската држава практично престанала да постои и дека Москва не може да остане рамнодушна кон „Украинците и Белорусите“ кои живееле на полска територија. На Црвената армија ѝ било наредено да ја премине границата и да ги стави под своја „заштита“ нивните животи и имот.
Овој историски пример укажува на сличноста со реториката што Москва ја користеше пред целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Во говорот на 24 февруари, Владимир Путин како една од целите ја наведе „заштитата на луѓето“ во Донбас, заедно со тврдењата за нивно наводно прогонување и „геноцид“.
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Сличен механизам на оправдување користеше и нацистичка Германија во 1939 година. Пред нападот врз Полска, пропагандата систематски ширеше приказни за дискриминација и насилство врз етничките Германци, претставувајќи ја идната агресија како форма на „самоодбрана“ и заштита на германското население.
Токму затоа историската фотографија со насловот Russians cross border to ‘protect minorities’ (Русите ја преминаа границата за да ги „заштитат малцинствата“) денес звучи толку познато: јазикот на агресијата се менува малку, а формулата останува препознатлива.
ЦМ Деск
[На денешен ден] 17 септември 1939 година, Сталиновиот СССР ја нападна Полска од исток
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












