• Latest
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026 14:44
in АНАЛИЗИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски декларативно го прифати советот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да отвори директен дипломатски дијалог со Бугарија. Непосредно по нивната средба, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по налог на Мицкоски, побара билатерална средба во Софија. Но само еден ден подоцна, премиерот повторно ја внесе историјата во дневната политика, овојпат со формулацијата „фашистичка Бугарија“ и со повикување на Бледскиот договор во видеото објавено на владиниот канал на Јутуб (27:36).

Проблемот не е во тоа дали окупацијата од Втората светска војна треба да се нарече окупација. Историските факти не треба да се приспособуваат на дипломатските потреби. Проблемот е што Мицкоски, токму кога повикува на нов дијалог, употребува историја со неточна хронологија и од неа гради политички аргумент.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Мицкоски изјави дека Бледскиот договор бил постигнат „веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија“ и го поврза договорот со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје што, според него, било „поврзано со македонскиот национален идентитет“.

„Ова го коментирам во врска со Бледскиот договор, кој беше постигнат веднаш по капитулацијата на фашистичка Бугарија, која, би рекол, ја окупираше територијата на денешна Македонија за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски.

Но датумите не оставаат простор за такво толкување.

Бугарија го потпишала примирјето со Сојузниците на 28 октомври 1944 година. Бледските спогодби биле постигнати дури од 30 јули до 1 август 1947 година, речиси три години подоцна. Уште поочигледен е проблемот со останките на Делчев. Тие биле предадени на македонската делегација во Софија на 7 октомври 1946 година и положени во „Св. Спас“ во Скопје на 10 октомври 1946 година.

Со други зборови, останките на Делчев стигнале во Скопје речиси десет месеци пред Бледските спогодби. И бугарските медиуми веќе ја забележаа оваа хронолошка противречност.

Преносот несомнено може да се разгледува во поширокиот контекст на тогашното политичко приближување меѓу Југославија и Бугарија. Но не може фактографски да се претставува како резултат на договор што во тој момент сè уште не бил постигнат.

Политичкиот проблем е поголем од фактографскиот гаф. Истиот премиер кој од Брисел бара помош за деблокирање на европскиот пат и го прифаќа советот на Фон дер Лајен да отвори разговор со Софија, практично во истиот здив внесува во јавниот простор реторика што однапред го оптоварува тој разговор.

Во ситуација кога Тимчо Муцунски бара средба со бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова, секоја непрецизна историска конструкција станува товар за дипломатијата, но и подарок за националистичките кругови од двете страни на границата.

Невозможно е сериозно да се гради доверба со Софија и да се бара европско посредување, ако истовремено премиерската реторика ја користи историјата на начин што дополнително го оптоварува дијалогот, притоа потпирајќи се и на фактографски неточности.

Историјата не треба да се премолчува. Окупацијата не треба да се преименува заради дневната дипломатија. Но историјата не смее ниту да се прекројува, скратува или селективно да се користи за потребите на дневната политика.

Ако Мицкоски навистина сака дијалог и деблокада, тогаш не е доволно Муцунски да испрати дипломатска нота до Софија. Потребно е и премиерот да не му ги поткопува темелите на тој дијалог со секој следен јавен настап.

Забележлив е и молкот од Софија. Два дена по изјавата на Мицкоски, од бугарскиот државен врв сè уште нема официјална реакција ниту на квалификацијата „фашистичка Бугарија“, ниту на неговата историски неточна конструкција за Бледскиот договор. Тој молк не мора да значи согласување, ниту треба да се толкува како отсуство на политички проблем. Напротив, во момент кога двете страни се обидуваат повторно да воспостават директен дипломатски канал, можно е Софија свесно да избегнува нова јавна ескалација.

Ако е така, дијалогот уште на самиот почеток влегува во мошне непријатна зона. Додека Софија засега не одговара на ваквата реторика, Скопје само го оптоварува процесот што штотуку побара да го отвори.

Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ