Инциденти и насилство, висока излезност, движење на Жандармеријата и атмосфера на неизвесност во пресрет на затворањето на избирачките места.
Во третиот видеоразговор за ЦИВИЛ МЕДИА, Марко Маневски известува од Белград и го пренесува расположението меѓу граѓаните.
„Нема нешто што веќе не сме виделе. Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши“, вели Маневски, опишувајќи ја атмосферата на изборниот ден.











