• Latest
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

За само 24 часа, смирувачките уверувања на Алта банка Битола беа заменети со привремена администрација и ограничен пристап на граѓаните до сопствените пари. Аферата добива нова тежина, но прашањата за одговорност остануваат неодговорени.

November 2, 2026 10:07
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Антон Препелицjа

Фото: Антон Препелицjа

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

На 31 октомври, Алта банка Битола ја уверуваше јавноста дека е ликвидна, стабилна и дека клиентите можат слободно да располагаат со своите средства. Во официјалното соопштение, банката отиде и чекор понатаму, тврдејќи дека не е изложена на политички притисоци и пресметки какви што, според неа, се случуваат во Србија.

Само еден ден подоцна, на 1 ноември, Народна банка, чиј шеф е гувернерот Трајко Славески, воведе привремена администрација во Алта банка Битола. За граѓаните беше определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив преку банкарските картички.

Најблаго кажано, ова е драматичен пресврт. Од уверувања за непречено располагање со парите до ограничен пристап до сопствените средства на граѓаните – за само 24 часа!

Според Славески, до крајот на 31 октомври од банката биле повлечени околу два милиони евра преку готовински исплати и други трансфери. Истовремено, гувернерот тврди дека банката е ликвидна и високо капитализирана, а интервенцијата е превентивна, поради состојбата на нејзиниот доминантен акционер во Белград. Кој му верува, нека крене рака!

Всушност, еве само дел од прашањата:

Ако состојбата е толку стабилна, зошто беа потребни вакви рестриктивни мерки? И кога надлежните институции утврдија дека тие се неопходни?

Во нашата редакција подготвивме уште околу 20 прашања што ќе бидат испратени на неколку адреси. Дали и какви одговори ќе добиеме, ќе видиме.

Мислам дека нема потреба да потсетувам дека ЦИВИЛ МЕДИА, особено преку анализите на Љубомир Костовски, повеќе од една година ги истражува политичко-деловните врски на групацијата на Давор Мацура, нејзината супер успешна експанзија во Северна Македонија, неуспешниот обид во Црна Гора, како и односите во „круговите на доверба“ околу Александар Вучиќ.

Во анализата од 31 октомври и продолжението од 1 ноември, беа поставени прашања за политичката одговорност и заштитата од системот што ја уживаше бизнис групацијата на Мацура, за сомнителните прекугранични трансфери – Скопје и Москва – и институционалната одговорност.

Сега прашањата се уште понепријатни. А одговорите на некои од нив се познати, но никој не сака гласно да ги изговори.

Кој ја одобри експанзијата на Алта во Северна Македонија? Кои политички и деловни кругови ја поддржуваат? Што знаеле Владата и регулаторите за состојбата на српскиот акционер?

Премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески должат конкретни одговори. Се разбира, операцијата „Алта банка“ не е ограничена само на оваа власт. Треба, поточно – мора да се истражат сите играчи. Ако на новите српски структури на власта и/или меѓународните инстанции спроведат темелна истрага, тие одговори секако ќе ги добиеме – од преку граница.

 


ЦИВИЛ МЕДИА


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ