• Latest
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар?

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

Шест лица загинаа, а 15 се повредени во вооружениот напад што се случи во саботата, 7 ноември, во историскиот центар на Краков, Полска. Во домот на напаѓачот подоцна се пронајдени уште три мртви лица, за кои се претпоставува дека се членови на неговото најблиско семејство. Полските власти истражуваат можни екстремно десничарски и ултранационалистички мотиви.

November 8, 2026 08:09
in ВЕСТИ, ЕВРОПА, ТОП 5
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Нападот започнал околу 15 часот, кога вооружен маж со автомобил влегол на Главниот плоштад (Rynek Główny), едно од најпосетуваните туристички места во Полска, и почнал да пука кон случајни минувачи.

Според полската полиција, напаѓачот се движел со автомобилот низ повеќе делови од плоштадот, отворајќи оган кон луѓето. Во еден момент било пукано и кон трамвај од линијата број 1. Било скршено стаклото на кабината на возачот, но патниците и возачот не биле повредени.

Полицијата интервенирала речиси веднаш. Според официјалните податоци, првата размена на оган се случила само три минути по првата пријава. Напаѓачот бил ранет, совладан и пренесен во болница, каде што бил опериран.

Шест жртви, 15 повредени

Меѓу шестмината загинати се четири жени и двајца мажи. Потврдено е дека меѓу жртвите има три полски државјанки и еден британски државјанин.

Според последните официјални информации, во нападот се повредени 15 лица, не сметајќи го напаѓачот, кој исто така бил ранет при полициската интервенција. Меѓу повредените се двајца полицајци. Едниот се здобил со три прострелни рани и се наоѓа во многу тешка состојба, додека другиот има една прострелна рана и, според лекарите, неговиот живот не е во непосредна опасност. Меѓу повредените има и државјани на Австрија, Германија, Португалија, Русија и Велика Британија.

Херојска интервенција на полицаецот

Особено внимание во полската јавност предизвика херојската интервенција на еден од ранетите полицајци, кој директно се соочил со вооружениот напаѓач. Иако и самиот бил погоден од куршуми, полицаецот продолжил да возвраќа на огнот и успеал да го совлада напаѓачот.

На видеоснимка од случаен минувач, пренесена од WP Wiadomości се гледа како ранетиот полицаец останува покрај совладаниот напаѓач и продолжува да го обезбедува, сè додека не ги губи силите и паѓа на земјата. Портпаролката на полицијата потврди дека полицаецот, и покрај повредите, продолжил да се бори за да спречи нови жртви. Полските медиуми ја опишуваат неговата интервенција како чин на исклучителна храброст.

Три тела пронајдени во домот на напаѓачот

При претрес на домот на осомничениот во градот Островјец Швјентокшиски, полските безбедносни служби откриле тела на две жени и еден маж.

Премиерот Доналд Туск соопшти дека постојат силни индикации дека станува збор за членови на најблиското семејство на напаѓачот. Според полските медиуми, можно е да се работи за неговите родители и сестра, но нивниот идентитет и околностите на смртта сè уште се предмет на истрага.

Екстремно десничарска идеологија под истрага

Осомничениот е 24-годишен полски државјанин, кој, според полицијата, поседувал дозвола за оружје. За време на нападот носел маскирна облека и панцир. Во неговото возило биле пронајдени големо кочичество оружје и муниција.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервињски изјави дека досегашните сознанија укажуваат на фасцинација на напаѓачот со екстремно десничарски и ултранационалистички идеологии. Сепак, мотивот на нападот сè уште не е дефинитивно утврден.

Министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш го окарактеризира нападот како терористички чин.

Во истрагата се вклучени полицијата, обвинителството и полските безбедносни служби. Надлежните засега сметаат дека напаѓачот дејствувал сам.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи национална жалост за 8 и 9 ноември, додека градските власти на Краков прогласија жалост до среда.

Премиерот Доналд Туск повика на национална солидарност со семејствата на жртвите, нагласувајќи дека трагедијата бара сериозност и одговорност од сите политички и општествени чинители.

ЦМ Деск

 


ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ