• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Алте, малте и други случки

Или: како случувањата на Балканот се поврзани

November 8, 2026 08:25
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Уште минатата недела се наѕираше дека ќе има проблем со српската Алте банка, не само во Србија, туку и во нејзината експозитура (ќерка фирма) во Македонија. Дури и во „Само интервју“, на професор, доктор ем премиер Мицкоски, новинарот токму му постави прашање во врска со оваа банка, но одговорот на професор, доктор ем премиер Мицкоски беше дека треба да зборува за „сериозни прашања“. Е па кога само три дена подоцна случајот со Алте банка стана исклучително СЕРИОЗЕН, професор, доктор ем премиер Мицкоски се најде на неодложен конгрес на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и не знам каква посета на Германија.

Тоа што од нашите задгранични комитети прави паралелна структура која никаде во Статутот на партијата не е регулирано е една работа, но уште и ни прави историска реминисценција за Централниот комитет и Врховниот комитет – задграничен, во Софија. Но, одамна ние како внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ расчистивме со тоа дека професор, доктор, претседател на партијата ем премиер Мицкоски почитува Статут на партијата, така што нема потреба да се разводнува оваа колумна со внатре партиските егзибиции на претседателот Мицкоски и не почитување на Статутот.

Проблемот е во тоа што професор, доктор ем премиер Мицкоски замина во Германија токму на денот кога јавно експлодираше сериозната ем сигурна, ем стабилна ем пак и силна Алте банка. Тоа е експлицитен аргумент дека професор, доктор ем премиер Мицкоски нај сериозно си ја дувна подалеку додека поминат првите реакции и патем да ни се пофали со средби во Дојче телеком (приватна фирма) и да ни се пофали дека треба да очекуваме германски инвестиции. Класично замајување на јавноста во Македонија – од пристојна дистанца со нагласено „јас не сум од тука, немам ништо со Алте банка“, за потоа на прес конференции (за Извештајот на ЕК) да ни прави портретирање на карактерот на опозицијата која, види ја ти непрокопсана ширела паника и дезинформации во врска со Алте банка.

Ами професоре, докторе ем премиере Мицкоски, кој и со каков договор ја донесе Алте банка на Давор Мацура (другарот на Андреа и Александар Вучиќ) во Македонија, и ја „продаде“ Стопанска банка АД Битола на Орце Камчев, и по политичка одлука ја збрлави (изора како бавча) Силјановска да го предложи, а го притисна собраниското мнозинство од нашата ВМРО-ДПМНЕ да го изгласа Трајко Славевски за Гувернер на Народната банка на Македонија? И види чудо, токму истиот тој Трајко и даде дозвола на Алте банка да влезе во Македонија иако претходно постоеше информација дека Австрија не дозволи на Алте банка да ја купи Адико банка.

Покрај реакциите на Австријците, имаше многу реакции од ЕУ но и од домашната експертска, академска, политичка и друга јавност која предупредуваше на проблемите и сомнежите поврзани со Алте банка. Но професор, доктор ем премиер Мицкоски запна и ја внесе Алте банка во македонскиот банкарски систем. Очигледно е дека Мицкоски има многу прашања да одговори во врска со Алте банка и да се надеваме дека наскоро ќе ги видиме тие одговори. Во меѓувреме ќе не пренасочува кон Еуростандард банка како потсетник „за оние претходните“.

Секако, по завршницата на Вучиќ во Србија кој продолжува да шири „оптимизам“ дека наскоро ќе се врати на власт, не само тоа што се случувало во Алте банка и поврзаноста на Мацура со други бизниси, ќе следуваат и други Баба-Роги кои ќе излезат во јавноста и тоа не само поврзани со Македонија, туку и во регионот.

Посебно ќе треба да се дадат одговори за активностите на Алта пеј, Алта ретаир и други ќерки фирми на Алта групацијата или приватни фирми на Давор Мацура. Особено ме интересира како Јоргованка Табаковиќ – како Гувернер на Србија ќе се оправда за 380 милиони евра подигнат во готовина од страна на Мацура. Засега допираат гласови дека Табаковиќ ќе биде сведок на обвинителството – ами, интересно ќе биде. Но еве во оваа колумна нема да пишувам за сите овие параван фирми на Алте банка. Очигледно е дека целиот овој систем на Алте групацијата и сите нејзини гранки се само една регионална мрежа во разни бизнис-финансиски области кои имаат и несомнена поврзаност со Москва.

Затоа ќе напоменам, дека не е во прашање само Алте банка, туку покрај Алте, тука се и алте, малте и други случувања. На пример, приватизацијата на Свислион, Имлек, разни кабловски, тв и мобилни оператори, производство на марихуана (патем нема резултат од истрагите кои беа последица на Коњух) – Панче се слушаме ли? Нема прашања, а секако ниту одговори, ниту за набавките и трансфери – транспорти на оружје низ Македонија, спонзорствата на Алфа ТВ и дали е поврзана со групацијата унгарски медиуми со седиште во Португалија и други, благо речено, сомнителни  бизнис релации со Србија.

Ете сето тоа ќе треба да се отвори најпрво во Србија и како што тргнало натаму и оди, но алте, малте или други случувања, неважно, ќе го тресат регионот, но како што засега изгледа најповеќе ќе ја тресат Македонија – ами нели сме си Бановина, што да очекуваме друго. Само Банот некако се држи на дистанца, во Германија или тука, но безбедно дека „тој не е од тука“, друг ја прави паниката и штетата. Дека сето ова со алте и случаевите има регионална поврзаност, доволно е да се запрашате: „Зошто владата на Мицкоски, по примерот на Словенија и Хрватска (големите пријатели на Мицкоски – Пленковиќ и Јанша), не побара од новата власт во Србија да ги отвори архивите на БИА, за да, во духот на добрососедството, видиме кој од Македонија, кога и каква улога имал во власта на Александар Вучиќ и градењето на неговата (нивната) бизнис-финансиска мрежа во регионот и пошироко“?

Кога професор, доктор, ем премиер Мицкоски ја здувна во Германија токму во критичниот миг, се поставува прашањето: „Колку ли тој ја има за….о работата“? но и: „Од кого ли сега треба да се брани и пази“? и секако: „Кој се следните глупости кои ќе излезат откако новата власт во Србија ќе започне со сериозни истраги за не сериозни работи – како што би рекол професор, доктор ем премиер Мицкоски“?

Една од истрагите ќе биде и истрагата за марихуаната во Коњух и улогата на бата Гаша и несомнено улогата на Дачиќ и нивните врски со производството на марихуана и нејзин шверц од Македонија кон Србија и понатаму. Еве како светли Панче – шија му га Ѓура, некаде на политикантската сцена во Македонија и низ темните балкански сокаци полни со шверц на се и сешто.

Тоа што ми е можеби дилема, е како ќе помине Алфа ТВ во оваа расплетување на врските со Србија на Вучиќ. Бев во сериозна дилема дали Алфа ТВ ќе ја преземе улогата на македонски (дез)Информер, но со оглед на тоа какви се јавно изречени тези од поедини ликови од разни фели може да се види на оваа телевизија, мислам дека се многу блиску до оваа состојба на српски Информер. Тогаш ќе остане едно прашање: „Кој ќе ја преземе главата на Вучичевиќ“?

Тоа што ќе дадат како резултат истрагите во врска со медиумите во Србија и посебно нивното финансирање и со тоа и поврзаност со медиуми во Македонија (финансиско-управувачка поврзаност), ќе имаме можност да видиме. Така што разните лица кои се појавуваат со цел дезинформирање, заблудување, де фокусирање на јавноста од живото важните теми на македонското општество, како и безначајните приватни прошетки на професор, доктор, во улога на премиер Мицкоски, се само дел од улогата на медиумите во Македонија, посебно оние финансиски поврзани со Орбан и Вучиќ.

Кога сме кај прошетките, сакам да укажам на една видлива работа. Имено, премиери на независни, суверени, сериозни и почитувани држави одат во  официјални посети на други држави, но тоа подразбира протокол и средби на највисоко државно ниво (со премиер и претседател). Одењето на конгрес на задгранични комитети, средба со Дојче телеком и со локални влади без официјален меѓудржавен протокол и тема јасно го покажува нивото на углед на професор, доктор во улога на премиер Мицкоски, а преку него за жал и на нашата Македонија не само во рамки на мултилатералните  настани, туку многу експлицитно во билатералните односи.

Дополнително покрај алте, малте има и други интересни случувања во Македонија. Посебно е интересна реакцијата на Мисајловски по најавата на синдикатот на професионалните војници дека поради не решени социјални прашања, како глава и нозе искрши да го изгаси пожарот. Е сега, тоа што направи ’ршум во синдикатите во одбраната е една работа, тоа што создаде свој сопствен синдикат е втора работа, тоа што ги притискаа луѓето е трета работа која има врска и со достоинството и чувството за личност и човечност на притиснатите (амеби), но тоа што мора да му благодари на професор, доктор ем премиер Мицкоски дека самиот тој е носител на зголемувањето на платите во одбраната е толку големо самопонижување и на јавна сцена прикажано полтронство и додворување кое не доликува на човек, маж, па уште и ВМРОвец, а не пак на министер за одбрана на НАТО држава.

Сепак, овие медиумски егзибиции на крајот нема да вродат со плод, иако за очекување се уште поголеми медиумски и лични притисоци врз синдикатите и сите оние кои не се согласуваат со „решенијата“ на Мисајловски. Патем, повторно да му соопштам на Мисајловски дека Воената академија не е организациска структура на Министерството за одбрана туку посебен правен субјект формиран од Собранието на Македонија. Оттука, зголемувањето на платите во одбраната и армијата за 10% не е соодветно, пред се за наставно-научниот и соработнички кадар бидејќи според Законот за Воена академија се поврзани со Законот за високо образование. Уште повеќе што Мисајловски никако не објасни на кој сегмент ќе се однесуваат тие 10% покачување на платите во одбраната и армијата.

Дали ќе се однесуваат на 10% зголемен број на бодови или за 10% ќе порасне вредноста на бодот? Како што не добивме информација кога, од кој датум во 2027 година ќе се зголеми платата на вработените во одбраната за 10%, бидејќи 2027 година е од 01.01 па се до 31.12. За останатите социјални прашања во однос на вработените во одбраната и армијата никако не станува збор, збор имаат само нарачаните – напишани говори на претставниците на останатите синдикати и нивни божем обраќања преку „медиумите“. Повторно на прес конференцијата на Мисајловски никако да се покажат јавно претседателите на синдикатите – оние репрезентативните кои љубат да испраќаат соопштенија, се кријат во втор и трет ред или зад столбови. Колку да се тука за Мисајловски, но да не ги види пошироката јавност.

Очигледно дека поради отсуство на Лавчиски кој мораше да се појави со Силјановска во Брисел, сега го насанкаа неговиот заменик, генералот Нуредини. Еве и за него прашање: „Генерале, што имаш ти со социјалните прашања во одбраната и армијата“? Класична злоупотреба и прибирање божем поддржувачи по службена должност од страна на Мисајловски. Секако, Мисајловски, да ти укажам на уште еден факт, за кој сметам дека е многу важен за тебе. Имено, додека професор, доктор ем премиер Мицкоски во ек на аферата Алте банка се крие и шета низ Германија како неофицијално лице, а ти овде од прес конференција се обидуваш да го глорифицираш како носител на „убави“ вести и работи – односно реформи како што љубиш да ги нарекуваш во министерството за одбрана и армијата, треба да знаеш една работа: „Според закон, ти Кендо раководиш со министерството за одбрана, а не професор, доктор ем премиер Мицкоски“.

Тоа значи дека ТИ си одговорен за законито работење во министерството, а не премиерот, па така за сите глупости, и не работење кои сега се гледаат, одговорноста ќе биде првенствено твоја и делумно споделена со твојот заменик, државниот секретар и директорите на директорати – твој помошници, но секој во својот делокруг на работа, а ти со сите заедно. Така што, професор, доктор ем премиер Мицкоски ќе се вади на тебе, како министер одговорен пред законот, а нема да ги зема в предвид твоите додворувачки изјави кон него упатени од јавна сцена. На крајот, буквално ќе биде: „спасувај се кој може“, па ќе зависи кој колкав ленгер има околу вратот натоварен со против законски дејствија.

Всушност, прошетката на професор, доктор ем премиер Мицкоски, глупирањето на Алфа ТВ на разни ликови и палјачовци, како и гасењето пожари, итни прес конференции и благодарности и возвеличија на професорот, докторот ем премиерот Мицкоски од страна на Мисајловски и сите други (кои нели благодарение на професор, доктор ем премиер Мицкоски се и родени и живеат), се само обемна операција за дезинформирање, одвлекување на внимание и забава за македонските граѓани од тоа што ќе се изроди од алте, малте и другите случувања. Односно, што се ќе треба да се сокрие од македонските граѓани во однос на поврзаноста на овдешните бизнис политиканти со истите такви бизнис политиканти во Србија кој само што паднаа од власт. Ова е сложена операција во која Македонија треба да биде безбеден простор за трансфер на капиталот и кешот пред се, а можеби и нема да се изненадам и за трансфер на некоја поголема криминално-политичка и „бизнис“ ѕверка.

Но, дали ќе биде Македонија безбеден простор за криминалната групација на СНС, а и понатамошна зона на руски операции (хибридни и разузнавачки) ќе зависи од многу активности кои во непосредна иднина ќе ги гледаме.

Слушам дека по протестот на професионалните војници ќе има и протест на граѓаните во врска со Алте банка. Тие протести ќе треба да го разбудат македонскиот граѓанин и обединат кон сочувување на Македонија како наша заедничка држава. Ајде да видиме како овде ќе ги притискате граѓаните да не се појават на протест.

Патем, ова со алте, малте и други случки ќе извади и многу скриени активности а во истиот кош, според мој сознанија ќе бидат и некои функционери на различни нивоа кои отвориле „повластени“ сметки и земале кредити со повластени каматни стапки од Алте банка, тука в Македонија. Како сето тоа ќе се расплете ќе гледаме низ разни случки, но не треба да го гледаме како забава, туку како јасна порака за граѓанска иницијатива за ставање крај на бандитско-бизнис-политикантските групации и нивното владеење врз нашата Македонија, впрочем, врз сите нас како нација.

Проблемот, или поточно жалоста за нас во Македонија е видливоста на распадот на системот, но под влијание на распад на еден друг систем во соседна Србија, што јасно укажува што ни се случувало последниве 35 години и кој и од каде не управувал. Доколку сега не ја научиме оваа лекција, ни нема спас како на македонски народ, на македонска нација и како држава. Интерпелацијата кон Стоиљковиќ за соработка со странски служби (експлицитно наведена е БИА) веројатно ќе го натера Мицкоски да продолжи да се крие на државен трошок, како божем нешто работи во надеж дека ќе помине бурата без штета врз него.

Но тоа што ми е интересно е, кој им ги дал документите и доказите за соработка на Стоиљковиќ со БИА на поднесувачите на интерпелацијата. Оттука се наметнува второто интересно прашање, односно: „Кој од нашата ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе да го брани Стоиљковиќ“? Можеби никој и нема да го брани, но по наредба нема ниту да ја поддржат интерпелацијата со што се ќе биде јасно, барем за тие што имаат очи да видат и уши за да слушнат. Но да не заборавиме и промените по изборите во САД сега ќе дадат различен правец на политиката на САД. Ах бе Мицкоски, пак го утна редот во кој застана, а и нас не напика таму.

Сега чекај ја сметката од Вашингтон, а таа мислам дека ќе биде најмногу лична кон тебе, посебно доколку О’Брајан кои нај добронамерно и секако дипломатски суптилно ни советуваше што да правиме со тебе, слушнал дека на Извршен Комитет го имаш квалификувано токму него, американскиот високо позициониран дипломат О’Брајан, како „МИСИР“. Е бравос бе професоре, докторе ем премиере Мицкоски, тамам дипломатски, премиерски, академски и професорски речник со „убави“ квалификации, епитети – нешто владата ти е полна со убави вести. Замисли кога јас знам какви се глупости имаш тресено на ИК и давано метафори и епитети за дипломатски претставници, политички претставници и поединци во Македонија, колку ли од твоите „верни“ другари божем ВМРОвци те имаат кажано што се си тресел. А колку ли уште има да кажуваат – веројатно наскоро?

Дури и случката со Годишниот извештај на ЕУ за нашиот – на Македонија, напредок изгледаше како Рокас и професор, доктор ем премиер Мицкоски да се движат по два различни колосеци и дека се разминуваат по однос на заклучоците на ЕК. Очигледно дека очилата им се различни, оние на Мицкоски се розови и тоа нам ни е одамна јасно, а на Рокас се како калеидоскоп. Но и во тој калеидослкоп, едно е јасно 0 (нула) бодови за борба против корупцијата и криминалот на високо ниво, па за тие што разбираат, доволно е. Но за тоа зошто ЕУ упорно ни дава волја, и низ какви очила навистина не гледа а ние си тапкаме в место (а тоа според, се ем премиер Мицкоски, нели, не е назадување), друг пат. Ама сметка ќе има и за тоа самите сме си виновни.

Интересно ова алте, малте и други случки, посебно што ќе се нагледаме случки и циркузи. И што правиме сега, накај тераме и по кој колосек и со кои очила, Христијан?

Христијане, а оставка, кога?

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани | За преземање на оваа содржина, испратете барање на: info@civil.mk


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ