ПР содржина
Откупната сезона е период кога трудот на тутунопроизводителите добива своја пазарна вредност. Но, квалитетот на тутунот не зависи само од одгледувањето, бербата и сушењето. Начинот на кој подготвениот тутун се пакува и чува до неговото предавање може да има значително влијание врз проценката при откупот.
СЕКЕ препорачува спакуваниот тутун да се чува во чисти и соодветни простории, подалеку од извори на мириси од хемиски препарати, горива и добиток. Особено е важно тутунот да не се третира со хемиски средства при пакувањето.
Правилното сортирање е уште еден важен услов. Во секоја кутија треба да се пакуваат листови од иста берба и иста класа. Мешањето на различни класи може да предизвика финансиска загуба, бидејќи, според насоките на СЕКЕ, целата кутија се проценува според најниската класа што ја содржи.
Пред затворањето на кутиите, неопходно е да се отстранат сите несакани материјали и примеси, меѓу кои пластика, метал, конци, гума, стакло, остатоци од ракавици, пердуви, цветови, плевел и инсекти.
Посебно внимание треба да се посвети на влагата. Според информациите од СЕКЕ, тутунот со влажност до 16 проценти се откупува без одбиток по основ на влага. При влажност над 16 до 20 проценти, вишокот се одбива од тежината, додека тутунот со повеќе од 20 проценти влага или намерно прскан со вода не се откупува.
Пораката на СЕКЕ до тутунопроизводителите е јасна: грижата за реколтата не завршува со пакувањето. Соодветното чување до моментот на откупот е важен дел од заштитата на вложениот труд.
PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.












