• Latest
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала,ЦИВИЛ (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

Зад секоја бројка стои човечка судбина, семејство што чека и право на слобода што не смее да биде предмет на политички отстапки, порача Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, на настанот „Украина: Силна и слободна“, организиран од ЦИВИЛ во соработка со Амбасадата на Украина во Северна Македонија.

November 24, 2026 11:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Денот на достоинството и слободата на Украина не е само потсетување на историските демократски револуции, туку и повик за меѓународна одговорност кон илјадниците украински граѓани кои се незаконски лишени од слобода во руско заробеништво. Ова беше една од централните пораки на Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ во Северна Македонија, во неговото обраќање на настанот „Украина: Силна и слободна“.

Урбанович потсети дека Портокаловата револуција во 2004 година и Револуцијата на достоинството во 2013–2014 година претставуваат пресвртни моменти во борбата на украинскиот народ за демократски права, слободни избори и самостојно одлучување за иднината на државата.

„Во 2004 година Украинците излегоа во одбрана на своето право на чесни избори. Во 2013 година — во одбрана на европскиот избор на Украина и демократските вредности“, истакна Урбанович.

Тој нагласи дека протестите на Мајдан многу брзо ги надминале прашањата за европската интеграција. Нивната суштина станала борбата за држава во која се почитуваат човековите права, власта не стои над законот, а граѓаните имаат право слободно да го искажат својот став.

Илјадници цивили во руско заробеништво

Особено внимание во своето обраќање Урбанович посвети на судбината на украинските цивили кои се незаконски затворени, исчезнати или држени во заробеништво од руските власти.

Тој предупреди дека последиците од руската агресија не се ограничуваат на уништените градови, инфраструктурата и окупираните територии. Зад војната стојат илјадници човечки трагедии – загинати и повредени цивили, раселени семејства, деца разделени од родителите и луѓе лишени од слобода.

Според податоците што ги изнесе Урбанович, повеќе од 16.000 украински граѓани се незаконски задржани од Русија на окупираните украински територии и во самата Русија. Тој посочи дека се утврдени случаи на незаконско лишување од слобода на 1.926 цивили, додека местото на престој на уште 12.887 лица останува непознато.

Меѓу нив има новинари, бранители на човековите права, волонтери, претставници на локалната самоуправа, жени и повозрасни лица.

Урбанович предупреди дека против дел од незаконски задржаните цивили руските власти покренуваат обвиненија за шпионажа, тероризам и други тешки кривични дела, по што следуваат долги затворски казни во постапки кои, како што истакна, често не ги исполнуваат основните стандарди за правично судење.

„Зад секоја бројка не стојат само името и презимето на конкретен човек. Туку и семејство кое чека. Родители кои ги бараат своите деца, жени — своите мажи, деца — своите родители“, порача Урбанович.

Ослободувањето на заробените цивили не смее да биде предмет на политичка трговија

Посочувајќи дека меѓународните организации документираат случаи на тортура, сурово постапување и други сериозни прекршувања на човековите права во руските места на притвор, Урбанович побара засилена меѓународна акција.

„Прашањето за нивното ослободување не е прашање на политички отстапки или добра волја на Русија. Тоа е прашање на почитување на основните човекови права, спроведување на меѓународното право и одговорност за неговото прекршување“, нагласи тој.

Според Урбанович, неопходно е да се засилат напорите за утврдување на местото на кое се наоѓаат незаконски задржаните лица, да се обезбеди пристап на меѓународните организации до местата на притвор и да се продолжи со конкретни активности за нивно ослободување.

Тој предупреди дека судбината на овие луѓе не смее да исчезне од меѓународната агенда во сенка на воените случувања.

„Враќањето на секој Украинец дома мора да остане наш заеднички приоритет“, порача Урбанович.

На крајот од обраќањето, тој потсети дека Денот на достоинството и слободата не е само прилика за оддавање почит на украинската историја, туку и за потврдување на заедничката одговорност за заштита на човечките права.

„Денот на Достоинството и Слободата е можност не само да се потсетиме за што се бореа Украинците, туку и да потврдиме дека заштитата на човечкото достоинство и слободата останува заедничка одговорност“, истакна Урбанович.

Настанот „Украина: Силна и слободна“ го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Амбасадата на Украина во Северна Македонија, по повод Денот на достоинството и слободата на Украина. Во рамките на настанот се претставени фотографските изложби „Револуција на достоинството: Европскиот избор на Украина“ и „Заедно за враќањето“, кои ја поврзуваат историската борба за слобода на Мајдан со денешната борба на украинскиот народ против руската агресија, вклучително и со човечките приказни за враќањето на воените заробеници. На настанот беше претставена и хуманитарната иницијатива #WarmthForUkraine, насочена кон обезбедување помош за украинското население погодено од војната.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ