• Latest

Поддршка за новата Влада од САД и од ЕУ

June 1, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поддршка за новата Влада од САД и од ЕУ

June 1, 2017 10:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Честитки за формирање на новата Влада којашто, синоќа пред полноќ, беше изгласана во Собранието на Република Македонија, пристигнаа од Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, пд еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, од американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли и од Стејт Департментот.

„Ние го поздравуваме гласањето за новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата Влада, како и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана во моментов, и од почеток да работат заеднички на доставување на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат“, стои во заедничкото соопштение на Могерини и на Хан.

Тие очекуваат Владата на премиерот Зоран Заев и опозицијата, да изготват заедничка програма за реформска агенда која ќе биде од корист за Република Македонија.

Амбасадата на САД во Македонија и амбасадорот Џес Бејли му го честитаа изборот за премиер на Зоран Заев и изборот на нова Влада.

„САД им честита на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на нова влада во Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекува да работи со новата Влада за исполнување на евроатлантските аспирации на земјата за спроведување на итните реформи со  кои ќе се зајакне владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите, и отчетноста на Владата“, пишува во објавата.

Честитки пристигнаа и од Стејт Департментот.

„Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на мнозинството во Собранието на формирањето нова Влада на Македонија. Како пријател и партнер на Македонија, САД ќе соработуваат со новата Влада во нејзината работа кон исполнување на евроатланските аспирации со имплементирање на итните реформи, засилување на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и одговорноста на Владата“, изјави портпаролката, Хедер Наурт.

Tags: БејливладаЕУМогериниреформиСАДСтејт ДепартментХан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ