• Latest

Глобална недела за акција против оруженото насилство

June 5, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Глобална недела за акција против оруженото насилство

June 5, 2017 15:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода објави дека од денеска до 12 јуни се одбележува Глобалната недела за акција против оруженото насилство – иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Оваа година акцијата е насловена „Патот до развој и мир започнува со замолчување на оружјето“.

Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време кога граѓан(к)ите треба да ја промовираат борбата против огеното оружје, а властите да се потсетат на постојните стандарди и спогодби за контрола на распространувањето и шверцот со оружје. Оваа недела треба да се искористи за едукација и јакнење на јавната свест со цел елиминирање на нелегалното оружје и оруженото насилство на улиците и во домовите.

„Оваа акција претставува можност за да се искаже загриженоста на организациите членки на мрежата од ширењето и злоупотребата на малото и лесно оружје. Истовремено, IANSA упатува повик за преземање на поголеми акции од властите“, се вели во соопштението на Мрежата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е организација членка на IANSA од 2002 година и на коалицијата Контрола на оружјето (Control Arms) од самиот почеток на нејзиното формирање,  во 2003 година. Веќе 16 години Цивил ја одбележува оваа недела преку активности за јакнење на јавната свест и едукација.

Тешките состојби во земјата, политичката криза, разнишаната безбедносна состојба и нефункционирањето на институциите на државата, ја прават темата на контролата на оружјето исклучително важна за нашата земја. Сите напори и повици на ЦИВИЛ, институциите посериозно да се зафатат со безбедноста  на граѓаните, надминувањето на култот кон оружјето и борбата против нелегалното оружје, не наидоа на одзив во изминатите години.

Тимот на ЦИВИЛќе биде на располагање за комунакција со медиумите и граѓаните за споделување на информации за активностите на национално и меѓународно ниво.

Tags: глобална неделаИАНСАнасилствооружјеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ