• Latest

Девојка обвинува дека е нападната затоа што шетала со кучето во училишен двор?!

June 9, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Девојка обвинува дека е нападната затоа што шетала со кучето во училишен двор?!

June 9, 2017 18:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младата велешанка Мирјана Георгиевска, тврди дека пред два дена била физички нападната од В. Б. член на обезбедувањето на ОУ „Васил Главинов“, затоа што шетала со нејзиното куче во школскиот двор! Таа за ЦИВИЛ Медиа вели дека не ѝ е јасно зошто В. Б. ја нападнал, кога во дворот на училиштето постојано поминуваат граѓани и има и кучиња кои што шетаат.

„Откако во дворот успеав да му избегнам од ударите, влегов во училиштето да побарам помош. Ссо мене беше и кучето, кое исто така, беше исплашено и вознемирено. Но, наместо да добијам заштита, добив повторно удар од членот на обезбедувањето и тоа пред очите на директорката и на други вработени. Бев зашеметена од ударот. Потоа, дојде полиција којашто направи записник, меѓутоа не зедоа изјава и од мене, туку бараа да го потпишам записникот за тоа што изјавија директорката и лицето кое ме нападна. Иако јас постојано негирав), тоа не беше ставено во записник. По лекарската интервенција, јас самата отидов во полиција да дадам исказ“, изјави Георгиевска за ЦИВИЛ Медиа.

Таа ни изјави дека денес се сретнала со градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев кој ѝ ветил дека во училиштето ќе прати општински инспекторат за да го истражат случајот.

„Јас ќе пријавам и до велешкото Јавно обвинителство, и ако треба ќе поведам постапка. Нема да запрам додека не се расветли случајот“, истакна таа.

А директорката на училиштето „Васил Главинов“ од Велес, Лилјана Николовска Коцева, на Фејсбук страница, напишала дека вработените на училиштето, како и таа, биле вербално и физички нападнати од Георгиева.

„Лицето М. Ѓ. почна да нè фотографира со својот мобилен телефон, на што сите реагиравме, па таа физички ја нападна благајник-администраторот, фаќајќи ја за вратот и оставајќи видливи траги на насилство. Кога видов со каква личност имаме работа, бев принудена да повикам полиција и Брза помош кои пристигнаа во најкраток можен рок. Тие интервенираа и го однесоа лицето М. Ѓ. во велешката болница. Јас не сакам да зборувам за болести, но лицето М.Ѓ. во својата изјава на социјалните мрежи сама ги наведува дел од дијагнозите на болестите од кои боледува. Здравствените работници од велешката болница кои интервенираа на случајот, нè известија дека лицето М. Ѓ. по завршување на нивната интервенција се самоповредувало и истите повреди ги фотографирало со својот мобилен, за потоа да ги објави на својот профил, а вината за истите да ја префрли на вработените во училиштето…“, пишува директорката.

Георгиева ја негира директорката Николовска.

„Сето тоа што го напишала директорката е лага! Всушност, како би можела јас физички да нападнам десетина луѓе?“, прашува Георгиева.

ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие изјава и од СВР Велес, но никој не одговараше на нашите  телефонски повици.

Д. Муратов

Tags: OУ „Васил Главинов“Брза помошВелеснападобвинителствополицијаСВР ВелесСлавчо Чадиев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ