• Latest

Младински сојуз од Крушево со активности во Бугарија

June 12, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Младински сојуз од Крушево со активности во Бугарија

June 12, 2017 10:52
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот „Нурни во социјалното претприемништво“  на Младинскиот сојуз од Крушево, продолжува со реализација на предвидените активности во Софија, Бугарија.

Младински сојуз од Крушево од 12 до 19 јуни ќе одржи студиска посета во соседна Бугарија, трет настан од овој карактер по успешно завршените тренинг курсеви во Лерин (Грција) и Турција. Она што следи, како дел од проектот, се посети на Костарика и Бразил, каде што директно ќе се набљудува работата на конкретни социјални претпријатија.

Целта на овие студиски посети е да се развијат способностите кај младинските активисти и лидери да реализираат активности со кои би им овозможиле на младите луѓе создавање на способности за развој на нивно сопствено социјално претпријатие.

Проектот завршува во декември, со состанок во Крушево.

Иницијалниот состанок за проектот се одржа во Скопје, од 15 до 18 декември, 2016, а досега се реализирани повеќе активности. Во рамките на проектот е реализирано и национално истражување преку он-лајн прашалници, фокус-група и длабински интервјуа, чија цел беше да се согледаат условите во Македонија за развивање на социјалното претприемништво, пречките и предизвиците со кои се соочуваат потенцијалните социјални претприемачи, како и условите за меѓусекторска соработка за понатамошно развивање на концептот

„Нурни во социјалното претприемништво“ е дел од „Еразмус +“ програмата, прокет предводен од Младинскиот сојуз од Крушево, со партнер-организации од Грција, Турција, Бугарија, Романија, Костарика, Јужна Африка и Бразил.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаинтервјуМладински сојузсоцијално претприемништвостудиска посета
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result