Проектот „Нурни во социјалното претприемништво“ на Младинскиот сојуз од Крушево, продолжува со реализација на предвидените активности во Софија, Бугарија.
Младински сојуз од Крушево од 12 до 19 јуни ќе одржи студиска посета во соседна Бугарија, трет настан од овој карактер по успешно завршените тренинг курсеви во Лерин (Грција) и Турција. Она што следи, како дел од проектот, се посети на Костарика и Бразил, каде што директно ќе се набљудува работата на конкретни социјални претпријатија.
Целта на овие студиски посети е да се развијат способностите кај младинските активисти и лидери да реализираат активности со кои би им овозможиле на младите луѓе создавање на способности за развој на нивно сопствено социјално претпријатие.
Проектот завршува во декември, со состанок во Крушево.
Иницијалниот состанок за проектот се одржа во Скопје, од 15 до 18 декември, 2016, а досега се реализирани повеќе активности. Во рамките на проектот е реализирано и национално истражување преку он-лајн прашалници, фокус-група и длабински интервјуа, чија цел беше да се согледаат условите во Македонија за развивање на социјалното претприемништво, пречките и предизвиците со кои се соочуваат потенцијалните социјални претприемачи, како и условите за меѓусекторска соработка за понатамошно развивање на концептот
„Нурни во социјалното претприемништво“ е дел од „Еразмус +“ програмата, прокет предводен од Младинскиот сојуз од Крушево, со партнер-организации од Грција, Турција, Бугарија, Романија, Костарика, Јужна Африка и Бразил.