• Latest

17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица!

June 29, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица!

June 29, 2017 11:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако според членот 22 од Законот за Специјално јавно обвинителство, утре (30 јуни) изминува законскиот рок за негово функционирање, Обвинителство ќе ги продолжи сите покренати истраги. На пладневната прес-конференција, специјалната обвинителка, Катица Јанева изјави дека СЈО ја констатира потребата од натамошно продолжување на истрагата за случајот „Талир“ (незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ) и најави нови активности.

„Предметот познат под името ‘Талир’, којшто го истражува незаконското работење на една политичка партија во Република Македонија е отворен пред еден месец. Беа преземени огромни број дејства, но временските рокови не дозволија преземање  на истражни дејства, коишто би овозможиле да заврши истражната постапка, затоа има потреба од натамошно продолжување на истрагата“, рече Јанева на прес- конференцијата во просториите на СЈО, која штотуку заврши.

За досегашното функционирање на СЈО и покрернатите истраги, Јанева децидно изјави: „Убедени сме дека обвинетите ги имаат сторено кривичните дела кои што им се ставаат на товар. Денешниот ден, ниту 30 јуни, ниту 1 јули, не менува ништо, ова Обвинителство, има капацитет и ќе продолжи во законски постапки за остварување на кривичната правда, а сторителите на кривичните дела, нема да останат неказнети“, порача Јанева.

Обвиненијата се спакувани во кутии и денеска, ден пред истек на законскиот рок во кој тимот на Јанева може да покрене обвиненија пред судот, ќе бидат испратени во Кривичниот суд.

Иако Законот за СЈО беше донесен на 15 септември 2015,  Специјалното обвинителство реално работи само 10 месеци.

М. Талеска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Талир“ВМРО-ДПМНЕКатица ЈаневаобвиненијапредСЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result