• Latest

Не очекувајте драматични промени!

July 3, 2017

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Не очекувајте драматични промени!

July 3, 2017 11:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во наредниот период може да се очекува придвижување на процесот во однос на прашањето за името, преку засилен контакт меѓу Македонија и Грција, но не и драматичен напредок… Ова е заклучокот на посредникот на ОН во спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, непосредно по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„За да се реши прашањето за името, потребен е генерален прогрес на двете страни, односно, тие да се ислушаат меѓу себе и да покажат отвореност“, истакна Нимиц, додавајќи дека во Македонија не дошол со нов конкретен предлог, туку целта била да се разговара концептите на новата Влада за градење политика на добрососедство.

Утрово, амбасадорот Нимиц се сретна и со премиерот Зоран Заев. На средбата се разговарало за можностите за придвижување на разговорите меѓу Македонија и Грција во врска со спорот што ги блокира евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

„Јас и Владата на Македонија сме определени кон чекори што ги решаваат проблемите на граѓаните на Република Македонија. За тоа водиме инклузивни политики и така ќе биде и со решавањето на ова прашање, што ќе го водиме исклучително транспарентно, а не затворено како досега, само преку државен консензус, со опозицијата, со парламентот, со претседателот на државата и со граѓаните на Република Македонија“, рече премиерот Заев по средбата.

Амбасадорот Нимиц денеска треба да  разговара и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Засега, нема најава за други средби. Во рамките на тридневната посета на Нимиц, медијаторот вчера имаше средба и со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на која била разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на спорот за името.

Посетата на Атина која требаше да се случи по посетата на Македонија, е презакажана заради активното учество на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во решавањето на кипарското прашање.

 

 

 

 

 

Tags: ГрцијадипломатијаМетју Нимицпреговори за иметоразговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ