• Latest

Светски ден на населението, а Македонија неизброена!

July 11, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на населението, а Македонија неизброена!

July 11, 2017 13:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Светскиот ден на населението. Граѓанските здруженија во светот, на 11 Јули одржуваат меѓународна кампања за подигање на свеста за проблемите со глобализацијата и зголемувањето на светската популација. Но, Македонија остана неизброена, а отсуствува и конретна граѓанска активност за проблемите што произлегуваат од неквалитетно реализираниот попис во 2011, па во функција и натаму се податоците од пописот во 2002, поточно, од пред 15 години! 

Според последниот попис во 2002 година, во Македонија живеат 2.022.547 граѓани. Државниот завод за статистика, кон средината на минатата година објави дека всушност, има 2.072.490 жители.

Колку оваа бројка е реална е отворено прашање, ако знаеме дека според извештаите на ЦИВИЛ, но и на други релевантни организации, дека Државната изборна комисија спроведе избори, потпирајќи се на Избирачки список, што со своите карактеристики доведе до огромни проблеми во остварување на гласачкото право. Пријави за двојни адреси за исто живеалиште, со различни станари, од кои едни реално постојат, а други – не, фантомски гласачи и починати лица со право на глас… Од друга страна, надлежните институции за ажурирање на Избирачкиот список не располагаа со соодветни механизми и бази на податоци за вкупниот број граѓанки и граѓани со право на глас.

Одговорот може да се бара и во поразителните информации од граѓанските здруженија чија примарна целсе младите, кои посочуваат на број од околу 600.000 граѓани што во последната деценија се отселиле од Македонија. Ова пак, се должи на економската нестабилност, лошото образование, дискриминацијата по етничка, родова, верска, сексуална основа, дискриминацијата според политичката провиниенција, окованото општество или болното здравство…, доволно причини еден огромен процент од популацијата да замине неповратно, што е и посебна тема за анализа.

Само проверката на бројот на ученици во основните и средни училишта, што секоја година се намалаува, укажува на алармантната ситуација со младото поколение, иднината и просперитетот на секоја држава.

Агенцијата за вработување, како уште една алатка за манипулација на претходната власт, докажа како еден механизам за активно и неактивно барање на работа, може да ги помати бројките на работоспособно население. Ако згора на ова, се компарираат статистичките податоци на социјално загрозените лица, болните и лицата со попреченост, ќе се добие уште пообјективен впечаток за хаосот во демографската мапа на Македонија.

Дополнително, етничките конфликти, намерно или ненамерно исценирани, маргинизалираниот однос кон помалите етнички заедници, политичките игри – сите сме еднакви, но едните се поеднакви од другите, што доведе до мерење на силата и во насока на бројноста, манипулирањето со верата во последната деценија, се фактори што влијаеа на одложувањето, но и на неуспешноста на спроведувањето на еден непречен и регуларен попис на население.

И додека ние водиме битки на сите можни фронтови за одржливост на државата, демографската слика целосно се смени, па сега, неофицијално, може да зборуваме за број од 1.700.000 жители или нешто помалку, што за многумина е премногу оптимистичен.

Во светот, фокусот е насочен кон одржлив развој, борба за родова еднаквост и едукација при планирање на семејството, а во Македонија, останува фактот и препораката дека првин, треба да се преброиме пред очекувањето на успешни резултати од решавање на приоритетните прашања.

УНФПА ги повикува сите 179 влади, потписници на Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој, одржана во Каиро во 1994 година, да ги исполнат своите обврски за обезбедување универзален пристап кон сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и доброволно планирање на семејството.

Денес во светот живеат над 7 милијарди жители. Најмногу од светското население живее во Азија и тоа 60%, а во Европа живеат 11% од светската популација. Бројот на населението во светот расте, за една милијарда жители во период од околу 12 години.

Во Македонија и покрај сите реформи на претходната власт – за зголемување на семејството и промовирањето на семејните вредности, за жал, од погрешни агли, бројот на населението се намалува.

Биљана Јордановска

 

 

Tags: МакедонијанаселениепописСветски ден на населениетоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ