Жените во Истанбул вчера маршираа за своето право да се облекуваат како што сакаат, и на улица да излегуваат, облечени по сопствен избор, во кусо мини-здолниште или со шамија на главата, пренесува Канал 4 Вести (Channel 4 News).
https://www.facebook.com/Channel4News/videos/vb.6622931938/10155100608956939/?type=2&theater
Маршот е одговор на физичкиот напад врз една жена во автобус во Истанбул, бидејќи носела шорцеви за време на Рамазан. Насилството врз жените во Турција поради нивниот избор на облека се зголемува во последниот период.