• Latest

Светска банка: За чиста вода за пиење во светот се потребни 150 милијарди долари годишно!

August 30, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светска банка: За чиста вода за пиење во светот се потребни 150 милијарди долари годишно!

August 30, 2017 12:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државите треба да ги зголемат годишните трошоци за обезбедување на безбедна вода за пиење и канализација за четири пати! Во извештајот на Светската банка што го објави Ројтерс се вели дека зголемените напори ќе придонесат за намалување на детските болести и на смртноста, истовремено стимулирајќи го економскиот раст.

Милиони луѓе во светот секојдневно се во стапицата на сиромаштијата, поради недоволните резерви на чиста вода за пиење и поради недостигот на систем на канализација, стои во извештајот. Потребни се повеќе ресурси за решавање на најранливите области и за подобрување на квалитетот на водата и услугите за канализација. Според Светската банка, цената на чиста вода за пиење достигнала до 150 милијарди долари годишно.

„Над три четвртини од луѓето без снабдување со вода за пиење, живеат во рурални средини каде што само 20 проценти од луѓето имаат пристап до подобрена канализација. Во градовите, сиромашните луѓе имаат три пати помалку шанси да имаат пристап до вода за пиење отколку луѓето што живеат во побогати области“, стои во документот, во кој, исто така, се забележува дека во некои земји водата од бунарите е понепогодна за пиење од езерската вода, на пример!

Извештајот повикува на поголемо учество на приватниот сектор во снабдувањето со вода за пиење во градовите, каде што е полесно да се вратат трошоците.

Агенцијата Анадолија објави дека само во Нигерија, 3,6 милиони луѓе не можат да ги задоволат своите основни потреби за чиста вода! Според соопштението на УНИЦЕФ, 75 отсто од мрежата за чиста вода во земјата е оштетена во судирите меѓу организацијата „Боко Харам“ и војската. Податоците на УНИЦЕФ обелоденуваат дека 30 милиони лица, од кои 14 милиони се деца, во северниот дел на Нигерија, во Сомалија, Јужен Судан и во Јемен, имаат итна потреба од чиста вода.

За жал, и Македонија не „заостанува“ зад земјите кои имаат проблем со чистата вода, или пак, со водоснабдувањето воопшто.

Само во летниот период, ЦИВИЛ Медиа пишуваше за проблемите на Струга, Арачиново, Раштак, Паљурци и воопшто, за недостигот на вода низ целата земја. Посебен проблем е Гевгелија, каде граѓанското здружение „Арсена“ со години наназад предупредува за неисправноста на водата, поткрепено со неколку потврди од меѓународни лаборатории, за што здружението и официјално побара намалување на цената за водата поради нејзината неисправност и зголемена концентрација на арсен.

 

Tags: „Арсена“извештајМакедонијаНигеријаРојтерсСветска банкаУНИЦЕФцена на чиста вода за пиење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ