• Latest

Нема да дозволиме да се повтори Валандово!

August 31, 2017
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Нема да дозволиме да се повтори Валандово!

August 31, 2017 16:18
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Спас за Струмичка котлина“, под слоганот „Стоп за рудникот на смртта – Иловица!“ успеа да ја оствари својата цел – да се избори за референдуми во општините Босилово и Ново Село, на кои граѓаните сами ќе решат дали се „за“ или „против“ отворањето на рудникот во Иловица.

Според Бранко Бенинов, еден од членовите на Иницијативата, најголемата закана за успешноста на референдумот се притисоците кои се очекуваат во предреферендумскиот молк.

„Ние сме потготвени да сториме сè, за да не нѝ се повтори Валандово. Постојано сме на терен и во комуникација со граѓаните и можам да кажам дека од она што досега го слушнавме и видовме, 99% од нив, се против рудникот. Сепак, мора да бидеме внимателни, бидејќи не сакаме да не снајде она што му се случи на Валандово, а му се случи токму во оние 48 часа на предреферендумски молк“, вели Бенинов во изјавата за ЦИВИЛ Медиа.

Од Иницијативата потенцираат дека веќе неколку месеци се во постојан ангажман, на терен, и ја информираат јавноста за последниците од отворањето на рудникот Иловица, преку пропаганден материјал, брошури, плакати, флаери, транспаренти, спотови и со озвучување.

„Нашата Иницијатива е докажано независна, натполитичка и натпартиска – таква мора и да остане ако сакаме успех. Ние не сме т.н. професионални граѓански активисти, кои профитираат од активности што често се само теоретски. Ние се зафативме со реален и горлив проблем и сега ни е потребна поддршка. Победата на референдумите можеме да ја извојуваме само сите заедно во Струмичко, подразбирајќи што поширок круг на субјекти кои се свесни за опасностите од рудникот, кои ја разбираат неопходноста од сеопфатна кампања и кои се подготвени да помогнат… Како што е очигледно, овие активности против рудникот ги покренавме за добробит на сите во Струмичката котлина, бидејќи сите сме егзистенцијално засегнати на повеќе нивоа, особено струмичката економија која ќе биде сериозно загрозена од последиците од рудникот. Ако е за добробит на сите, тогаш сите треба и да учествуваат, секој на свој начин, во рамките на своите можности. Заедно сме посилни и заедно ќе го решиме проблемот!“, се вели во една од пораките на Фејсбук страницата на непрофитното еколошко здружение „Здрава котлина“.

Нашиот соговорник Бенинов вели дека покрај нивните активности, зголемени се и активностите на „Еуромакс“, фирмата-инвеститор на рудникот, чии претставници, според сведоштва на граѓанките и граѓаните, оделе по продавниците во населените места и „му ветувале мед и млеко на населението“.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ