• Latest

Димитров: Не ми требаат статуи за да бидам горд Македонец!

August 31, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Не ми требаат статуи за да бидам горд Македонец!

August 31, 2017 16:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не ми требаат стотина статуи за да бидат горд Македонец, ниту ми пречи кога грчки граѓанин во Солун, се нарекува Македонец! Мислам дека е 21 век и не треба да покажуваме многу комплекси, со обид за зацврстување на овие чувства“, рече македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, по денешната средба со својот колега, Никос Коѕијас, во Скопје.

Ваквиот став Димитров го изнесе, одговарајќи на новинарско прашање од грчката национална информативна агенција: „Во врска со иредентизмот што го спомена господин Коѕијас, околу симболите што ги гледаме на Александар Велики, на Македонците, општо во Скопје. Бидејќи и вие како Влада, карактеризиравте дека се предизвикуваат некои други чувства кон соседите, имате цел нешто да решите околу овие симболи, има некоја одлука да се сменат имињата на аеродромите, патиштата, да се тргнат некои од овие симболи?“

„Ние, не само како Влада, туку воопшто како општество, единствена голема работа што ја гледаме, и кон што се стремиме е Голема Европа. Мислам дека не е многу мудро да се креира некоја надворешна или внатрешна политика, врз историски личности од пред 2000 години. Ние сме една нација, којашто научи некои лекции во последниве неколку години, свесни сме дека историјата не можеме да ја менуваме… Тоа што можеме да го направиме е да ја менуваме сегашноста и да си ја отвориме иднината. Го цитирам често Никос, ‘историјата треба да е учител, но не треба да биде затвор’… Како политика, ние цврсто ќе стоиме, на нашите обврски од Времената спогодба од 1995, и секаде каде што можеме, ќе реагираме. Бидејќи многу е погрешен сигнал, како што ние не сме среќни, кога нечии големи мапи навлегуваат во територијата на Република Македонија, така разбираме дека и Грција не е среќна, кога ние, или некој, мафта со големи мапи. Мислам дека е 2017, двата народа многу посреќно ќе живеат, ако има мостови и отворени врати“, порача Димитров.

Како што рече, оваа е втора средба со Коѕијас, и не може да се очекува дека работите ќе се движат многу брзо.

„Правата средба беше запознавачка, денеска имавме подолги разговори, ова се чекори… Мислам дека не е разумно да најавам каква ќе биде нашата политика. Меѓутоа, во секој случај, ќе се движи во овие рамки. Меѓународните обврски, се стремиме кон Голема Европа, не сакаме други! И мислам дека тоа е единствената формула за среќен и успешен Балкан. И ќе се обидуваме ова наше убедување, да го шириме и во другите држави“, рече Димитров.

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Даниела Нисева

 

 

Tags: АеродромАлександар ВеликиГрцијагрчка агенцијадипломатијадобрососедствоМНРНикола ДимитровНикос Коѕиасспор за иметостатуи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ