• Latest

Законски препреки за чистење на Избирачкиот список

September 7, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законски препреки за чистење на Избирачкиот список

September 7, 2017 15:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во Изборниот законик во делот за Евиденција на избирачкото право, односно водење на Избирачкиот список, член 41, став 5 се вели дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територија на РМ и со важечка патна исправа, односно овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во РМ пред заминувањето во странство.

Како веќе стандардна процедура, кога иборните процеси се во прашање, во ЦИВИЛ – Центар за слобода, секојдневно пристигнуваат пријави од граѓанки и граѓани за неправилности во Избирачкиот список.

И покрај препораките за измени во Изборниот законик во одредени членови што се спорни, посебно во делот евиденција на избирачкото право, Државната изборна комисија оцени дека според должностите од План 3-6-9 и со закажаните локални избори за 15 октомври, нема време за одлуки за измени во Изборниот законик.

Собранието донесе одлука со самото распишување на локалните избори дека нема никакви пречки, што значи граѓанките и граѓаните можат да очекуваат демократска и фер борба на локално ниво.

Сепак, можностите за манипулации со Избирачкиот список остануваат, а може да се очекува и хаварија со Избирачкиот список. Прашањето што го поставивме е дали овој последен став е основа и за неможноста да се прочисти Избирачкиот список од фантомските гласачи, токму во спорната реченица во членот 41 став 5.

„Со оглед дека македонското законодавство нема посебен Закон за попис на гласачите, ниту пак Закон за регистар на гласачите (како што има, на пример, хрватското законодавство), законската одредба во смисла на член 41 став 5 од актуелниот Изборен законик, го спречува чистењето на Избирачкиот список од т.н. фантомски гласачи“, изјави Сандра Гавриловска, адвокатка и членка на Експертскиот борд на ЦИВИЛ.

„Сметам дека лицата, државјани на РМ, кои се на привремена работа или престој во странство, треба да бидат евидентирани во посебен избирачки список односно регистар на гласачи надвор од местото на живеење односно престојување (пријавено пред нивното заминување во странство). На тој начин, Избирачкиот список ќе ги отсликува реалните гласачи и ќе оневозможува манипулација со гласачите надвор од пријавеното место на живеење и/или престојување (фантомските гласачи)“, објасни Гавриловска.

Ставот на ЦИВИЛ е дека е неопходна соработката меѓу граѓанките и граѓаните со ДИК и другите надлежни институции, со оглед на изборните искуства кога борбата за локална власт е жестока и исполнета со политички игри и манипулации.
„Довербата во Избирачкиот список е потполно нарушена. Институциите ја пропуштија можноста да ја вратат таа доверба. Од друга страна, имаме ситуација во која Државната изборна комија е немоќна да преземе мерки за заштита на гласачкото право, но и да го ревидира Избирачкиот список. Едноставно, врзани им се рацете. За ДИК навистина да стане најрелевантна институција во изборниот процес, потребно е и законодавниот дом, Собранието, да ги направи неопходните измени во Изборниот законик. Ние во ЦИВИЛ имаме решенија за тоа, но ќе мора да ги оставиме за времето по изборите, бидејќи сега е невозможно менување закони. Сепак, ДИК и институциите мораат да преземат итни чекори за заштита на гласачкото право, особено за оние граѓанки и граѓани кои имаат право на глас и валидни документи, а нема да се најдат на Избирачкиот список на денот на гласањето. Тоа е императив!“ – изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Биљана Јордановска
Tags: ДИКизборен закониклокални избориСандра ГавриловскаЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ