• Latest
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

No Pasaran!

September 14, 2017
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

No Pasaran!

September 14, 2017 13:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

No Pasaran! Ние не ја менуваме нашата „песна“ и ќе ја повторуваме сè дури не ве видиме во „Идризово“! На ваша голема жал – нема да ви помине! Оти, исто, на ваша голема жал, #ШаренаРеволуција сè уште трае! Оти ние не се боревме за власт, туку борбата беше за уривање на една ужасно изопачена диктатура, едно злосторничко здружение, кое мора судски да одговара за своите злодела сторени кон граѓаните на Македонија и сите до еден, секој според заслуженото – ќе биде осуден. Да си ја одлежи заслужената казна.

Пишува: Југослав Петровски

„Шутка“ и „Идризово“, нестрпливо ги очекуваат со ширум отворени порти!

Но, не само затвор!… Туку, и – украденото да се врати!

Да се конфискува, да се продаде, да се извади секое украдено и добро сакриено евро, на нивните тајни сметки на Белизе, Малдиви, во Швајцарија, Чешка… Ако треба (а треба!) и оној – „мермерниот бункер“, рајхстагот нивен, дувлото на дрпмне-фашистичка; камен по камен да се расклопи и камен по камен да се продаде… Но, тоа што е украдено од народот, да биде вратено! Вратено до последно евро!

Меѓу другото, #Шарените се бореа и за удирање темели на држава со нови здрави столбови т.е. институции на системот од кои ќе бидат „хируршки остранети“ сите коруптивно – непотистички општествени „фелери“, општество во кое – партијата и државата ќе се јасно подвоени…

Се боревме, сè уште се бориме, и ќе се бориме до крај – за нова, граѓанска Македонија, каде на општествениот пиедестал ќе биде поставен (и занавек ќе остане таму) „обичниот“ граѓани, а неговите граѓански права и слободи ќе станат алфа и омега на таа „нова“ Македонија!

#ШаренатаРеволуција од почеток имаше јасни барања и сè додека тие барање не бидат исполнети, #ШаренатаРеволуција ќе постои и ќе се бори!

Не велам дека е мала работа што го урнавме диктаторот. Што го разобличивме и ја покажавме „голотијата на царчето Николче“, исто така ја разобличивме и целата таа фашистичка булумента, целото тоа злосторничко здружение, кое има нанесено незапамтено огромна штета на Македонија и на македонските граѓани, такво нешто, како тие ужасни 11 години  диктатура, македонската историја не памети…

Но, од друга страна, свесни сме, дека нашиот виножитен пат не е дооден… Што не значи, дека – чекор по чекор – нема да стасаме до целта кон која тргнавме, кон која целевме и која сè уште ни е цел…

Според мене, следниот чекор, кој нè очекува, а треба решително, жестоко, цврсто…, и секако „шарено“, да го исчекориме, е – конечно да ја видиме: #МафијатаНаРобија!

Ta, како што реков на почетокот: Ние не сме отстапиле и нема ни да остапиме од нашите барања, а најмалку од оваа барање, бидејки ако судот (во името на македонскиот народ), не биде решителен и жесток кон носителите на диктатурата, токму соодветно – колку што таа иста диктатура беше сурова кон истиот тој народ, народ кој беше и газен. пљачкосуван и обесправен – „до балчак“…

Ние не ги менуваме ни нашите обувки – ни нашата „нашата песна“. Ако некој ја има подзаборавено, еве, потсетете се!

[divide]

 

Tags: диктатуракриминалСЈОШарената револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ