• Latest

Кадриу: Будно да ја следиме ДИК!

September 25, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кадриу: Будно да ја следиме ДИК!

September 25, 2017 16:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Овие избори ќе бидат сложени, од причини што, ние во Македонија имаме сериозна криза.  Политичката криза ја надоврзувам со правната и моралната криза. Правната криза укажува на сериозни правни проблеми, за кои нема разрешница, а се однесуваат на најтешките кривични дела што се случуваат во нашата држава. Тоа е корупцијата или употребуваниот израз ‘морална расипаност’. Во таа корупција се вклучени функционерите на власта“, рече професорот д-р Осман Кадриу, на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода  се одржа во Клубот на новинарите во Скопје.

„Правната криза настанува, зашто за тие функционери во власта, извршители на корупција, нема оставки и нема разрешница за направените кривични дела. Ова упатува на заклучок, дека кај нас правото и моралот се во криза. Местото на правото го зазеде неправото, кое што се однесува како да е право, а фактички е антиправо, противправо. При една ваква состојба, оваа појава нам ќе ни се одрази во изборите“, посочи Кадриу.

„Барам законот да се почитува, мораме бурно и будно, со значајна надлежност на граѓанскиот сектор и медиумите, да го следиме однесувањето на ДИК и сите органи, кои што ги спроведуваат изборите. Како да им овозможиме на граѓаните, нивниот глас и нивната волја, да не се злоупотребат, како да имаме законски избори? Законитоста е битна компонента за да можеме да зборуваме за правото, правниот систем во земјата. Тоа бара сите дејства и одлуки да бидат запазени. Да се обезбеди од државата и нејзините органи, законитост во постапката и да се обезбеди законска одговорност, ако се потврдува правото во изборната постапка“, истакна професорот Кадриу.

„Досега во сите избори, се утврдени сериозни аномалии, на конректни кривични дела, а институциите и органите беа парализирани, немаше одговорност. Но, колку луѓе има осудено за кршење на изборните права? И таму каде што има, судот ќе се заложи за да изрече една условна пресуда. Затоа ќе речам дека правото и неправото се во конфликт, зашто неправото е во ситуацијата во која се обидува да биде право. Да се почитува правото на земјата, значи да се почитува основниот темел на таа земја. Нема поголема среќа за една држава, ако во неа царува правото, наместо неправото, тоа е среќа за нејзините граѓани“, заклучи Кадриу.

 

Моника Талеска

Фото: Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Tags: ДИКзлоупотребиизбирачко правоконференцијаКорупцијалокални избориОсман Кадриуправо-неправо
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ