• Latest

Кежаровски е еден од симболите на македонското новинарско востание…

October 23, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кежаровски е еден од симболите на македонското новинарско востание…

October 23, 2017 17:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Томислав Кежаровски, на својот Фејсбук профил нaпиша: „23 октомври 2013 година… Ден на новинарското востание. Денот кога новинарите го кренаа гласот за слобода“.

Пред точно четири години, неколку стотици граѓани и граѓанки, главно новинари и граѓански активисти, беа спречени од бројни припадници на специјалните полициски сили, да протестираат пред „Музејот на ВМРО“ поради казнувањето на новинарот Томислав Кежаровски.

Иако протестот беше претходно најавен, новинарите и останатите демонстранти беа спречени да се доближат до зградата на Музејот, најпрво со поставени огради на сите приоди до него, а потоа, и физички, од специјалците, со пресретнување, оттурнување со штитовите и со извлечени пендреци.

Извикувајќи „Слобода, слобода!“, „Полициска држава!“ и други пароли, присутните на протестот искажаа згрозеност од односот на власта кон новинарите. На крајот на протестот, облечени во црно и со затворени усти, новинарите пред полицискиот кордон запалија свеќи за македонското новинарство, а камерманите и фоторепортерите ги спуштија на земја своите камери и апарати, порачувајќи симболично дека земјата е во медиумски мрак.

Веднаш по апсењето на Кежаровски, во мај 2013 година, ЦИВИЛ – Центар за слобода остро реагираше против одлуката за казнување на новинарот Томислав Кежаровски со драконска казна од 4,5 години затвор, обвинувајќи дека таквата одлука е срамна, брутална и шокантна и претставува грубо кршење на човековите права и силен удар врз слободата на говорот и независноста на медиумите во земјата.

ЦИВИЛ тогаш поведе меѓународна кампања под називот КЛИКНИ ЗА СЛОБОДА, заедно со „Репортери без граници“ – Германија, N-ost – Мрежа за известување за Источна Европа и Балканската истражувачка репортерска мрежа. Во заедничка реакција, овие организации оценија дека апсењето на Кежаровски е замислено со цел да го заплаши него, но и сите останати медиуми. Беџеви со слоганот Je suis Kezharovski, „Слобода за Кежо“ и други слогани се носеа низ целата земја. Тој стана еден од симболите на македонското новинарско востание.

„Апсењето на новинар затоа што го остварува неговото уставно право да ја информира јавноста, не е само нелегално, туку и целосно некомпатибилно со европските стандарди“ и е „само уште една од серијата практики на власта со кои влијае на слободата на медиумите на еден крајно негативен начин“, порачаа тогаш четирите организации.

Четири години по протестите, денеска Кежаровски е слободен, во Германија…

Дехран Муратов

 


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан
Tags: ПротестТомислав КежаровскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ