Управниот суд уважи една од поднесените 28 тужби против одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг од локалните избори.
Уважената тужба се однесува на изборот на членови на Советот на Град Скопје, на гласачкото место 2.461 во општина Сарај.
Управниот суд одлуките за сите 28 тужби, што ги донесоа судечките совети, ги објави на
својата веб-страница.
По добивање на одлуката од Управниот суд, ДИК треба да се изјасни дали прегласувањето во
спорното избирачко место ќе има влијание врз изборниот резултат и дали врз основа на тоа ќе има прегласување на ова избирачко место во Сарај.
На 29 октомври ќе се одржи вториот круг од локалните избори за избор на градоначалници во 35 општини.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.