• Latest

Алиби за сончогледи и слуги на фашисти и криминалци

October 26, 2017
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Алиби за сончогледи и слуги на фашисти и криминалци

October 26, 2017 15:38
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со години служеа и сѐ уште им служат на осомничени за тешки дела. Некои од нив подлегнаа на сончоглед ефектот, како што веќе пишувавме неколкумина на овој простор, а некои останаа директни пропагандни бранители на режимот. Дел од нив добија странски пари, дека немаа сиротите, за да ги препарираат своите програми и да станат божем професионални и непристрасни.

Пишува: Џабир Дерала

Што добивме? Добивме лигави медиумски проекти кои сега се додворуваат на новата влада. И ги гледаме како, со доза на лошо одглумено покајание, покажуваат волја за професионализирање. Еднаш владини, секогаш владини… Пустото, им зрачи од лицата контаминирани од долгогодишното ползење и бацување чизми. Препарирањето го прават преку „проекти“. Демек, немаат тие врска со валканиот бизнис на телевизиите во минатото, тие само водат продукциски бизнис кој само се емитува на тие телевизии. Независни се тие!

Одбив покана од една телевизија да гостувам во емисија. Бев на граница да прифатам, бидејќи сакам да негувам пристапност и отвореност кон сите медиуми подеднакво. Сепак, по кратка консултација со мои блиски, надвладеа негативниот одговор. И многу сум среќен поради таа одлука.

Во разговорот со авторот на емисијата, по одбивањето, падна и нељубезно обвинение на моја адреса – сум ги изневерил принципите за кои сум се борел десет години. Логиката е обратна. Нема што тие да обвинуваат дека некој ги изневерува принципите, туку тие згазија на сѐ што може да се нарече човечко и професионално достоинство. Сепак, во разговорот се задржав скромно на ставот дека во случајов не се работи за медиум кој ме кани, туку за обично партиско гласило, што значи дека не одбивам медиуми, туку проекти на структури кои нанесоа и сѐ уште нанесуваат големо зло.

Кога беше најгрдо, им одев, ете, со пуста надеж дека тоа придонесува кон каков-таков облик на дијалог во јавноста. Како возвратија? Нѐ искористија како алиби дека божем се отворени кон различното мислење. И продолжија со уште црни кампањи против слободната мисла. Со грди навреди и наведување на јавен линч, нарачуваа убиства јавно, на телевизии со национални концесии. И гледам – се извлекуваат и тоа на голема врата, повторно со убави хонорари. Е, не од мене! Нека ги амнестира кој сака, јас немам таква намера. Во име на чесните и свесните луѓе.

Немам намера да им служам како алиби за божемното демократизирање и професионализирање! Знам дека првата прилика ќе ја искористат да го злоупотребат тоа. Немам намера да си го губам времето со соработници, партнери и слуги на фашисти и криминалци!

 


објавено во Плусинфо и Слободен печат (27/10/2017)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлфавладаГруевскиКанал 5криминалциМедиумиНоваполтронипропагандаСителслугисончогледифашисти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ