• Latest

Кежаровски: Пресудата на Велешкиот суд е доказ за мојата професионалност

November 2, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кежаровски: Пресудата на Велешкиот суд е доказ за мојата професионалност

November 2, 2017 17:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд во Велес, вчера, донесе ослободителна пресуда за двајцата осомничени во случајот „Ореше“. Според образложението на одлуката, заштитениот сведок, ниту бил заштитен, ниту загрозен, туку бил лажен сведок кој сведочел по налог на тајната полиција. 

Томислав Кежаровски, беше жртва на спектакуларно апсење и политички прогон поради текст напишан во 2008 година, а среде новинарска истрага за сомнителната погибија на сопственикот и главен уредник на неделникот Фокус, Никола Младенов. Текстот за кој Кежаровски е апсен, осуден и затворен се однесува на наводно заштитен сведок, што во пресудата мистериозно се преквалификува во загрозен сведок, а не бил ни едното ни другото. Со вчерашната пресуда од Велешкиот суд, се докажуваат тврдењата на Кежаровски.

„Вчерашната одлука на Велешкиот суд како првостепен кривичен суд е трета по ред во којашто се донесува ослободителна пресуда. Во овој случај искрено се надевам дека ќе биде и последна ваква одлука и дека повисоките инстанци само ќе ја потврдат.

Ова е само уште еден доказ на сите мои укажувања дека не станува збор за апсолутно релевантен сведок, туку за некој којшто е под пресија на полициски службеници за да сведочи онака како што ним им одговара во целата таа постапка. Впрочем, за сè што се случувало околу неговата конструкција и неговото втурнување во случајот „Ореше“, јас пишував во тие два ‘спорни’ текстови во „Репортер 92“ во октомври и ноември 2008 година.

Ова е само уште еден доказ дека судиите ниту сакаа да ги уважат моите укажувања на тоа дека професионално ја работев работата и дека сè што е напишано во текстовите е вистина и само вистина. Ниту пак го уважија укажувањето на мојот адвокат дека апсолутно не станува збор за заштитен сведок, туку се работи за човек којшто нешто слушнал, некој којшто никој пат не бил под заштита на полицијата.

Ова е уште само еден доказ дека судиите коишто ме судеа во оној процес наречен „Ликвидација“, не можеби, туку сега веќе сигурен сум, и со право можам да речам дека судеа по нечија наредба, но тоа во ниту еден момент не ја намалува нивната одговорност“, вели Кежаровски.

Тој истакна дека ќе почека одлуката на Велешкиот суд да стане правосилна, а потоа ќе бара одговорност од судиите коишто го судеа во случајот „Ликвидација“.

„Мојата цел е да не се повторуваат и понатаму вакви случки. Во иднина да не им се суди на условно невини лица. Јас не целам кон материјална добивка. Мојата цел е да побарам од институциите, на оние коишто ме судеа да им биде одземено правото да се занимаат со правни работи. Затоа што, секако, судија може да погреши, меѓутоа, доколку тој намерно греши и работи по диктат, нему не му е местото во судот, во каква било судска институција, дури, би рекол, не му е местото да се занимава со правни работи“, истакна Кежаровски.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: „Ореше“лажен сведокодговорностпресудасудииТомислав Кежаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ