Владата на Република Македонија ја одржа 35-тата седница на која беше утврден текстот на придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија и беше инициран процес за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки.
„Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница, го разгледа и утврди текстот на Придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија. Текстот се однесува на прашалникот на Европската Унија за утврдување на напредокот на земјата во интеграцискиот процес со ЕУ“, стои во владиното соопштение.
Владата исто така соопште дека на седницата го отвори процесот за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки со кој се предвидува преиспитување на улогата на Советот за јавни набавки, вклучително и можноста за негово укинување.