Државниот секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка Иван Корчок денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Македонија, јавува МИА.
На средбата со македонскиот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како што соопшти МНР, се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи, евроатлантската интеграција на Република Македонија, внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.
За време на посетата предвидено е официјално отпочнување на проектот „National Convent for European Union in the Republic of Macedonia“, кој ќе се реализира со финансиска поддршка од SlovakAid е USAID. Реализацијата на овој проект претставува дополнителна потврда на поддршката на Словачка на македонскиот евро-интеграциски процес.
Гостинот од Словачка ќе се сретне и со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.