• Latest

Ајне клајне сексфантазие!

November 13, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ајне клајне сексфантазие!

November 13, 2017 14:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Постои еден „мит“ во македонското општество, за жените и мажите Албанки и Албанци, кој се состои од мешавина на љубопитство од егзотична точка на гледање и доживување на горенаведните примероци, и љубопитство во смисла на примарен животински инстинкт, и којшто „мит“ се одржува во живот со секое „новојавление“ на одредени примероци од оваа етничка припадност.

Пишува: Дијана Тахири

Не дека овој „мит“ умира па оживува, од време -навреме, само што му треба одреден тригер од одделни јавни личности, за повремено да се докаже дека долгогодишната – понекогаш притаена и најчесто многу јасно и експлицитно искажана заинтересираност од најнизок вид на јавна мастурбација врз – во случајов – жена Албанка. Секако, ниту мажите од истото етничко потекло не се „поштедени“ од слични „општења“ по нивнот надворешен изглед, за којшто „феномен“ и егзотика ќе појаснам подоцна.

Кога еден, за поголемиот дел од општеството – „врвен“ аналитичар, новинар и колумнист, јавно искажува неконтролирана желба да стиска една жена, јавна личност, во некој полузатемнет диско клуб, воден и заведен од самата помисла дека една млада жена, егзотична со самата нејзина појава и уште повеќе, од нејзиното етничко потекло, можеби вистински би му ги покренала телесните течности и дека можеби ќе ѝ објави војна на гравитацијата што неминовно доаѓа со годините, дури и само со „ајне клајне нахтфантасие“ (без музика, доволно е и лајт -шоу во диско-клубот), за да се врати во младешкото доживување на некој заборавен силен удар од женски вид, ќе кажам само дека сепак, некаде длабоко во мојата потсвест на жена на којашто ѝсе многу познати вакви изливи на машки „страстни нежности“ од трет вид, можеби и би му простила за јавно искажаниот простотилак. Барем си кажува што му лежи на срце, и малку подолу. Со него си на чисто.

Ќе речете – што има врска тоа што таа (или јас, или други) е Албанка? Убава, млада, атрактивна, успешна, секси, како и многу жени, без разлика на потеклото? Или, можеби (сигурно) ќе речете, или барем ќе помислите, вие што нема да реагирате на овој мој благ протест – зошто мора на сѐ да се става етничка нота кога не е така?

Знаете, кога живееш во едно општество какво што е нашето, неминовно е да се најдеш од спротивната страна на паричката, било да си од едно, или друго етничко потекло. Само што за едното има точнa и јасно одредена референца – една за машкиот дел од примероците, една или две за женскиот, а се однесуваат на надворешниот физички изглед на репродуктивните органи. И (до скоро) недостапноста на женските примероци за еден голем дел од машката популација од поинакво етничко потекло.

Сакам да кажам, навистина не сме исти, по многу пресеци, ментални и физички… Некои сме жешки, некои сме загорени, па затоа  ги препознаваме „мирисите“ на вистинската заинтересираност, од далеку. Како што и прецизно можеме да распознаеме кога едно „воодушевување“ е всушност, само  продолжеток од едно неколкудецениско  длабинско општествено општење во речиси сите животни сфери, од една, кон друга општествена и етничка припадност.

Ќе ми простите, но веќе не се трпите!

Tags: етничка припадностженимажимизогинијаопштественост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ