• Latest

Принципите на толеранција мора да бидат вткаени во сите пори на општеството

November 15, 2017
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Принципите на толеранција мора да бидат вткаени во сите пори на општеството

November 15, 2017 16:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

16 ноември, Меѓународен ден за толеранција

ЦИВИЛ – Центар за слобода го одбележува и ги поддржува сите активности поврзани со Меѓународниот ден за толеранција и ги повикува сите граѓанки и граѓани да дадат активен придонес кон негувањето и практикувањето на принципите на толеранцијата во општеството.

Државата, институциите и сите структури на политичка, општествена или финансиска моќ имаат обврска да ги почитуваат и негуваат различностите и слободното изразување на секој поединец или група во општеството. Почитувањето на различностите и слободата на изразувањето се иманентни на човековите права и слободи кои им припаѓаат на сите граѓанки и граѓани, според Уставот, законите и меѓународното право.

Без оглед на произволните дефиниции на поимот толеранција во општеството, тоа е јасно дефинирано во меѓународните правни и други акти. Во Член 1 од Декларација за принципите на толеранција, која Обединетите нации ја усвои со Резолуција A/RES/51/95 се говори за значењето на толеранцијата:

Толеранцијата претставува почитување, прифаќање и ценење на богатата разновидност на културите од нашиот свет, нашите форми на изразување и начини да се биде човек. Тоа се негува со знаење, отвореност, комуникација и слобода на мисла, свест и верба. Толеранцијата е хармонија на разликите Таа не е само морална обврска, туку исто така е и политички и правен услов. Толеранцијата е доблеста што го прави мирот возможен, придонесува за замената на културата на војната со култура на мирот.

Не постои друго толкување на толеранцијата во оваа смисла и нема зошто да се релативизира овој поим со тоа што се наведува дека не е соодветен или дека подразбира нешто друго, освен тоа што е веќе дефинирано со овој меѓународен документ.

Тоа е дополнително дефинирано во истиот член од Резолуцијата:

Толеранцијата не е отстапка, удостојување или попуштање. Толеранцијата е, пред сè активен однос што се промовира со признавање на универзалните човекови права и основните слободи на другите. Таа никогаш не може да се користи за да се оправда прекршувањето на овие основни вредности. Толеранцијата треба да ја практикуваат поединци, групи и држави.

Државите членки на Обединетите нации имаат обврска да ги почитуваат човековите права и да ја негуваат толеранцијата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање. Член 2 од Декларацијата ја определува улогата и одговорноста на државата во овој домен:

Толеранцијата на ниво на држава бара праведно и непристрасно законодавство, спроведување на законите и судски и административен процес. Таа исто така бара и економски и социјални можности кои ќе им се достапни на сите без каква било дискриминација. Исклучувањето и маргинализацијата можат да доведат до фрустрации, непријателство и фанатизам.

Декларацијата за принципите на толеранцијата ги опфаќа и општествените димензии на толеранцијата како принцип и како обврска, а посебно внимание посветува и на образованието. Затоа, според Декларацијата:

Образованието за толеранција треба да се смета како итен императив; затоа е неопходно да се промовираат систематски и рационални методи за подучување за толеранцијата коишто ќе се осврнат на културните, социјалните, економските, политичките и религиозните извори на нетолеранција – главните корени на насилството и исклучувањето. Образовните политики и програми треба да придонесат за развивање на разбирање, солидарност и толеранција меѓу поединците како и меѓу етничките, социјалните, културните и јазичните групи и нации.

Како ретко која организација, ЦИВИЛ има вистински мултикултурен карактер, каде толеранцијата и инклузивноста се императиви во секојдневното дејствување на организацијата. Впрочем, животните патеки на луѓето кои го сочинуваат Цивил се испреплетени и природно го одразуваат мултикултурниот карактер на земјата. ЦИВИЛ води посебна грижа и за родовата рамнотежа во својата структура, како и за застапеност на сите категории на граѓанки и граѓани, со цел секој поединец или група во општеството да се чувствува добредојдено да побара поддршка или да учествува во работата на организацијата. Во ЦИВИЛ нема притисок да се следат принципите на политичката коректност, туку таа произлегува природно од начинот на кој организацијата се конституира, развива и функционира.

Принципите на толеранција мора да бидат вткаени во сите пори на општеството, за тоа да биде интегрирано и подготвено да прерасне во вистински демократско и прогресивно. Секо личен пример и секоја постапка, пракса и процес мора да ги следат принципите на толеранцијата искрено и суштински, а не формално. Само на тој начин може да се надминат последиците од деструктивните тенденции во општеството, кршењето на човековите права и структурното насилство.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: државаОбединети НациитолеранцијаЦивилчовекови права
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ