• Latest

Во Косово избрана локалната власт, ниту една жена градоначалник

November 20, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Косово избрана локалната власт, ниту една жена градоначалник

November 20, 2017 10:38
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашниот, втор круг од локалните избори, според прелиминарните резултати што ги објави Централната изборна комисија, во Косово најголем број градоначалнички места освои „Српска листа“, вкупно десет. Осум од нив освои во првиот, додека две во вториот круг, јави МИА.
По Српска, следува Демократскот сојуз на Косово на Иса Мустафа со освоени осум градоначалнички места, по четри во двата круга.

Алијансата за иднината на Косово на актуелниот премиер Рамуш Харадинај победи во седум општини, две во првиот и пет во вториот круг, додека Демократската партија на претседателот на парламентот Кадри Весели, победа извојува во пет помали општини, една во првиот и четири во вториот круг.

Движењето „Самоопределување“ ќе раководи со три општини, вклучувајќи ја и Приштина, сите освоени во вториот круг.

Партијата на Беџет Пацоли, Алијанса за Ново Косово, и Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај, како и партијата на турската етничка заедница, освоија по едно градоначалничко место, додека две општини ќе бидат раководени од независни кандидати.

На овие избори ниту една жена не успеа да добие доверба за да раководи некоја општина. Мимоза Кусари-Лила се надеваше на реизбор во Ѓаковица, која иако во првиот круг имаше предност не успеа да извојува победа.

Претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдете Дака изјави дека изборниот ден
минал без поголеми проблеми. Од вкупно запишаните 1.353.680 граѓани, правото на глас го
оствариле 516.573 или 38,10%.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: втор кругКосоволокални избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result