• Latest

Заев: Моделот за иднината почнува со почитување на сите заeдници

November 23, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Моделот за иднината почнува со почитување на сите заeдници

November 23, 2017 08:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Моделот за иднината почнува со почитување на сите заeдници. Тој модел повикува да градиме држава и општество за сите во кое културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат, порача премиерот Зоран Заев на вечерашната завршна свеченост во Битола, организирана по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука.

Премиерот Заев нагласи дека со чествувањето на Денот на албанската азбука се потврдува заедничката определба за почитување и за унапредување на етничката и културната разноличност, односно богатството на Република Македонија.

– Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но, во истовреме секој говор и писмо во себе ја кријат потребата да не бидат изолирани и самодоволни, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање и толеранција и соживот со другите. Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо е составен дел од јазичното и културното богатство на Македонија и во таа смисла, одбелележувањето на културните вредности, датуми, традиции на сите етнички заедници вклучувајќи ја и албанската, придонесува за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, рече Заев.

Според него, во државата се гради едно и единствено општество, еднакво за сите.

– Градиме граѓанско општество, истворемено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво кое се гради со векови и претставува обврска за нашата заедничка иднина. Етничката и јазичната разноличност ги сметаме за наша вредност, за наше заедничко богатство, рече претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албанска азбукаБитолаЗоран Заевинтеграцијамеѓуетнички односи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result