Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Американската амбасада во Македонија го започнаа циклусот на обуки за младите новинари, истражувачи и граѓански активисти. Тема на овие обуки ќе биде: „Унапредување на техники за истражување и креативно презентирање“, соопшуваат од ЗНМ.
Интерактивните предавањата ќе ги спроведат Зоран Димитровски (одговорен уредник на неделникот „Фокус“), Зоран Ричлиев (новинар и консултант за дигитални медиуми), а еднаш месечно онлајн предавање ќе држат и експертите од областа на новинарските истражувања од истражувачкиот центар MuckRock од САД.
Новинарските продукти кои ќе произлезат од обуките, ќе бидат објавени на веб страната на ЗНМ и тие ќе бидат промовирани и достапни за јавноста заедно со авторите кои ќе бидат дел од процесот на оваа обука.
Учесниците кои успешно ќе го завршат овој циклус на обуки ќе се здобијат со сертификати за учество на пригоден настан организиран од ЗНМ и Американската амбасада во Скопје.
Д.М.