• Latest

Поплавени од политика и од Вардар

December 2, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поплавени од политика и од Вардар

December 2, 2017 10:51
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред полната сала, актерите на Македонскиот народен театар, синоќа, ја одложија претставата „Ничија земја“.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи ѝ се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, Владо Јовановски, претставата нема да се одигра.

По ваквата одлука, публиката ја напушти салата.

Со одлука на Врховниот суд актерот Владо Јовановски, наместо куќен притвор, доби 30 дена притвор во Истражниот затвор „Скопје“ поради учество во крвавиот четврток во Собранието на 27 април.

Директорот на МНТ, Драган Спасов – Дац, на својот фејсбук профил синоќа реагираше на ваквата одлука на вработените.

„Пријатели и љубители на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. Се откажа претстава во МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претставата, глумците своеволно одбија да ја играат претставата ‘Ничија земја’, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија“, стои во реакцијата на Спасов.

Тој во својата реакција додаде дека МНТ постои за публиката и дека така ќе остане.

„Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика“, напиша Спасов.

Во јавноста, пак, се шпекулира околу можните причини за откажување на претставата. Иако актерите беа децидни зошто ја откажуваат претставата, дел од јавноста откажувањето го поврза со условите во театарот, откако вчера, поради обилните дождови и градбите од Скопје 2014 коритото на Вардар се излеа на неколку места во центарот на градот.

Не е прв пат, театарот и околните новоизградени објекти покрај Вардар, како Уставниот суд и Архивот на Македонија, да прокиснат. На социјалните мрежи вчера се споделуваа видеа од Архивот на Македонија на кои се гледа како во кофи се собира водата која протекува.

Дел од јавноста со поддршка за актерите, другиот дел пак се прашуваат како досега актерите не излегоа на протест поради условите во коишто работат изминатите години.

Во Македонскиот народен театар денеска во 12 часот е закажана прес-конфереција на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, неговиот заменик Владимир Лазовски и раководството на театарот поради прокиснувањето на објектот од дождот.

На прес-конференцијата, како што најави Министерството за култура, ќе стане збор и за откажувањето на синоќешната претстава „Ничија земја” од страна на актерите во знак на протест за нивниот колега Владо Јовановски.

М. Ивановска

 

Tags: актериАрхив на МакедонијаВладо ЈовановскиМНТоткажана претставапоплаваПротестСкопје 2014
Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ