• Latest

ДКСК против Орданоски и ЦИВИЛ

December 13, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК против Орданоски и ЦИВИЛ

December 13, 2017 11:28
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција излезе со реакција на колумната на Сашо Орданоски, објавена на ЦИВИЛ Медиа .

Во продолжение реакцијата на ДКСК:

Во врска со текстот објавен на civilmedia.mk на ден 12 декември 2017 година со наслов: „Да виси ДКСК!“, Државната комисија за спречување на корупцијата реагира и ги осудува наводите содржани во текстот кои се насочени кон ширење на невистини, дискредитација и јавен повик за линч на Државната комисија за спречување на корупцијата и на нејзините членови.

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со ваквото информирање од страна на civilmedia.mk се прекршени принципите на професионалното и етичкото информирање и е создадена погрешна перцепција во јавноста, а повиците на линч се сериозен говор на омраза, кој е казнив со закон.

Тврдењата изнесени во наведениот текст се неточни и станува збор за елементарно непознавање на надлежностите, работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Државната комисија ве известува дека официјалната веб страна на ДКСК веќе 1 година е www.dksk.mk, а не страницата www.dksk.org.mk каде уредно стои дека таа страна повеќе не се ажурира и ќе постои како архива за податоци.

Државната комисија за спречување на корупцијата, која претставува  самостојна и независна институција во вршењето на надлежностите определени со закон, постапувала и постапува во сите случаи каде што има индиции за несовесно работење и злоупотреба на службената позиција и овластувањата.

ДКСК спроведувајќи ги своите законски надлежности во делот на спречување на корупција во политиката, во вршењето на јавните овластувања и должности и во вршењето на работите од јавен интерес континуирано постапуваше по предмети и сите тие податоци се наведени во Годишните извештаи за работата на ДКСК кои се јавно објавени и достапни документи на веб страната на Државната Комисија и во нив може да најдете детални информации и податоци за работењето на истата.

Притоа, Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста за преземените мерки и активности и за нивните резултати преку годишни извештаи, прес конференции, соопштенија за медиумите и преку нејзината веб страна која редовно се ажурира со најнови вести, а последната изјава од Претседателот на ДКСК д-р Тантуровски беше дадена во медиумите на 07.12.2017 година.

Со цел објективно и вистинито информирање на јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата бара од Вас да ја објавите оваа реакција  и упатуваме апел за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи.

Притоа, Ве известуваме дека за ова ќе биде информирана Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, новинарски здруженија и сите релевантни институции кои вршат надзор врз работењето на медиумите, а повиците на линч се сериозен говор на омраза, кој е казнив со закон.

Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата бара од вашиот медиум да се повлече конкретниот текст и јавно извинување од авторот, во спротивно ДКСК ќе покрене судска постапка против вашиот медиум и авторот на текстот.

Tags: демантДКСКОрданоскиЦивил
Share88TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ